Корисник:Ucitelot/Прва партизанска болница на Македонско-косовската и Пораечката бригади

Македонско-косовската бригада во чив состав се најдувала и Поречката бригада,за прв пат во својот борбен пат формирале болничко лекување на своите ранети и изнемоштени борци.


Причини за формирање болница

уреди

Во текот на август и почетокот на септември 1944 год.Македонско-косовската и петнаесетата поречка бригада ја продолжија борбата против бугарската 0купаторска војска во поречкиот крај.Во борбите бригадите имале повеќе ранети борци.Со цел да се обезбеди пружање на помошт и лекување на истите на едно место,а не како дотогаш со сместување на ранети по одделни куќи по селата,командата на бригадите одлучила во Томино село да се формира стационарна болница,

Томино село беше избрано како најпристапно место за пренесување на ранетите и болните борци и истовремено со добра географска положба за одбрана во случај на повратно дејствување на бугарските окупаторски снаги и балистите.


Реализација на одлуката

уреди

На 6.9.1944 год.издадена е наредба со која е задолжен Столески Стојмир од Томино село, да ја спроведе,Набрзина изготвените кревети,од даски и слама се поставени во просториите на селската училишна зграда и под стручно медицинско на Д-р.Батулини-италијанец,а надворешно организазионо раководење на Столески,бе сместени ранетите и изнемоштените и болницата почна да работи.

Болницата во селото остана подолго време, а бригадите го продолжија своето дејствување во правецот на Кичево.


Извори;=

уреди

--„Порече низ историјата“ од Милан Ристески, издадена 1982 год.во Скопје.

--Наредба на Командантот на бригадата од 6,9,1944 год, што се најдува во домашната архива на Столески Стојмир од Томино село.

Извори;=

уреди

--„Порече низ историјата“ од Милан Ристески, издадена 1982 год.во Скопје.

--Наредба на Командантот на бригадата од 6,9,1944 год, што се најдува во домашната архива на Столески Стојмир од Томино село.


Наводи

уреди

- ,,Порече низ историјата“ стр.176.„Наместо анестетици и дезинфекциони препарати беше обезбедена препечена сливова ракија, а наместо бинтови,жените донесоа платно од чеизите на своите девојчиња,тулбани и шамии што се користеа за преврски и други потреби.

Исхраната на болните и персоналот се состоеше од млеко кое го обезбедуваа селаните во изобилство.Покрај млекото тие за колење носеа овци и кози,а лебот се месеше во домашни услови во селото.Селаните несебично ја одржуваа болницата се до нејзиното преместување во село Самоков.