Корисник:Sekerov/Ден Симонс
Ден Симонс
уредиОд Википедија, слободна енциклопедија
Име: Ден Симонс
Роден: 4. април 1948 (Пеорија, Илиноис, САД)
Ден Симонс (англ. Dan Simmons; роден на 4 април 1948 година во Пеорија, Илиноис, САД) е американски писател, најпознат по својот роман Хиперион (награден со Хуго награда) и продолжнието Пад на Хиперион. Останатите романи од оваа серија, наречени Спев за Хиперион се Ендимион и Воздигнувањето на Ендимион.
Во своите дела Симонс поврзува разни жанрови: научна фнтастика, хорор i епска фантастика, често правејќи го тоа во едно исто дело. Типичен пример за неговиот обичај на мешање на жанрови е романот Песна за божицата Кали од 1985 година, наградена со World Fantasy Award. Покрај тоа, познат е и како автор на мистерии и трилери.
Биографија
уредиСимонс дипломирал Англиска книжевност на Вабаш колеџот во 1970 година и 1972 година ја добил титулата Мaстер на Вашингтоновиот Универзитет во Сент Луис. После тоа работел како наставник во основни училишта се до 1989 година. Набрзо почнал да пишува кратки приказни но не се има пробиено се до 1982 година, кога, со помош на Харлан Елисон, неговата кратка приказна Реката стикс тече узводно е објавена и наградена со прво место на писателскиот натпревар на списението Twilight Zone. Првата книга, Песна за божицата Кали (Song of Kali) ја објавил 1985 година. Во 1995 година, Wabash колеџот на Ден Симонс му додели почесна докторска титула за неговиот придонес во образованието и пишувањето.
Хорор фикција
уредиSummer of Night (1991) го опишува детството на група основци кои се здружуваат во текот на 1960-та за да го поразат вековното зло кое го тероризира нивниот роден град, Елм Хејвен, во Илиноис. Овој роман, пофален и од големиот хорор гуру Стивен Кинг, е сличен на Кинговиот роман Створ, по фокусот на животот во малиот град, расипувањето на невиноста, враќање на прастарото зло и преземање одговорност за другите која се јавува на преминот од детството во зрелото доба. Во продолжението на Summer of Night, романот Winter Haunting (2002), протагонистот, сега возрасен, повторно го посетува својот роден град, како би се соочил со мистериите кои го мачат во животот. Уште едно псеудо-продолжение е делото Children of the Night (1992), во коe пишува за ликот од Summer of Night, Мајк О`Рурк, сега многу постар, католички свештеник, кој е испратен да ги истражи бизарните случки во еден европски град. Уште еден лик од Summer of Night, Лоренс Стјуард се појавува како спореден лик во романот Darwin's Blade од (2000), додека возрасната Корди Кук се појавува во романот Fires of Eden (1995). Возрасниот Кевин е главен лик во делото Faces Of Gravity. Набрзо после Summer of Night, Симонс, кој дотогаш ствараше само хорор фикција, почна да се фокусира на пишување научна фантастика.
Научна фантастика
уредиСимонс станува популарен 1989 година со издавање на Хиперион, добитник на "Хуго" и "Локус" наградите за најдобар научно фантастичен роман. Во него се зборува за космички сукоб, а посебно е инспириран од делото на Бокачо – Декамерон и Кантерберијските приказни на Шосер. Од своите први дела, Симонс стана познат како успешен писател во стварање на заплети и како еден од најдобрите автори на научна фантасtика по квалитетот на својата проза. Заплетите на Симонсовите дела се обогатени со нивната блискост со делата на класичната литература; многу негови дела влечат врски од разни класици. Vanni Fucci Is Alive and Well and Living In Hell кратка приказна од 1988 која ги исмева ТВ-проповедниците, вклучена во збирката Prayers to Broken Stones (1990) зборува за краткото враќање на Земјата на истоимениот лик од насловот, жител на Дантеовиот Пекол . Основен заплет во Хипериoн; група различни поединци на аџилак е земен од средновековната поема Кантерберијски приказни The Hollow Man (1992) е напишана под влијание на Дантеовиот Пекол и Т.С. Елиот Кратката приказна од 1993, The Great Lover, инспирирана е од воените поети од Првата светска војна Неговиот циклус Илион/Олимп е инспирација од Хомеровите дела Ликот на Ада и нејзиниот дом во Ардис Хол, во Илион е инспириран од романот на Владимир Набоков Ада или страст, кој е излет на Набоков во жанрот на фикција и алтернативно минато.
Филмски адаптации
уредиВо јануари 2004, најавено е дека на основа на сценариото, кое го напишал Симонс на основа на романот Илион и Олимп ќе биде снимен филм, а самиот Симонс ќе биде извршен продуцент. Илион се најавува како „епска приказна која се протега преку 5000 години и низ цел Сончев систем, уклучувајки теми и ликови од Хомеровата Илијада и Шекспировата Бура“. Во јули 2004, Илион е награден со признанието Локус (Lokus), признание за најдобар СФ роман за 2003 година.
Дела
уредиСпев за Хиперион
уреди(наслови во оригинал)
Hyperion (1989) - награден со наградата Хуго, 1990; и со наградата Локус, 1990;
The Fall of Hyperion (1990)
Endymion (1996)
The Rise of Endymion (1997)
Ilium / Olympos
уреди(наслови во оригинал)
Ilium (2003) - награден со Локус, 2004
Olympos (2005)
Joe Kurtz novels
уреди(наслови во оригинал)
Hardcase (2001)
Hard Freeze (2002)
Hard as Nails (2003)
Останати книги
уреди(наслови во оригинал)
Song of Kali (1985) - World Fantasy Award, 1986
Carrion Comfort (1989) - Bram Stoker Award, 1989
Phases of Gravity (1989)
Entropy's Bed at Midnight (1990)
Prayers to Broken Stones (1990, збирка кратки приказни)
Summer of Night (1991)
Summer Sketches (1992) - награден со Локус, 1993 (Хорор)
The Hollow Man (1992)
Lovedeath (1993, збирка кратки приказни)
Fires of Eden (1995)
The Crook Factory (1999)
Darwin's Blade (2000)
A Winter Haunting (2002)
Worlds Enough & Time (2002, збирка кратки приказни)
The Terror (2007)
Drood (2009)
Black Hills (2010)
Flashback (2011)
Надворешни врски
уредиизвор
уредиСтраницата за Ден Симонс на Википедиа на српски јазик и Официјалната веб страна на авторот.