Корисник:Otecriste/Мр Отец Ристе Наумоски

Отец м-р Ристе Наумоски роден е 1972 г. во с. Нерези-Струга. основно образование завршил во с. Луково-Струга. Средно-културолошко училиште завршил во ЦСНО„ НИКО НЕСТОР“ во Струга. Дипломира на Православниот Богословски Факултет Св. Климент Охридски во Скопје. Успешно ги завршува последипломските студии на Филозофскиот Факултет- Институт за Национална Историја во Скопје, по што се здоби со академски степен магистер по историски науки 2011 г. Ракоположен е во ѓаконски чин од раката на надлежниот митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во црквата св. Софија во Охрид на ден 30.10.1997 г., а во свештенички чин произведен е од страна на истиот митрополит на ден 10.10.1997 г. во црквата Св. Вознесение во Вевчани. Од 15.02.1998 г. се до 2004 г. поставен е за свештеник во Јабланичка Парохија која ги опфаќа и селата: Боровец, Пискупштина, Безево, Нерези, Модрич и Дренок. Од 2004 г. до денес ја опслужува Ложанска Парохија со селата: Враништа, Ложани и Јабланица. Одреден период работено има и во селата: Подгорци и Лабуништа. Претседател е на ООВХА-ОА Св. Варавара-Струга, од 2013 г. директор е на Културно-научната Манифестација „ Денови на Долнодримколска Култура и Традиција“ с. Луково-Струга. Досегашни објавени книги: Монографија за Црквата Св. Јован Владимир с. Подгорци 2009 г. Долнодримколската чета и нејзиното предавство 2010 г. Летописна книга на Црквата Св. Власиј с. Ложани 2011 г. Светите места во с. Јабланица 2012 г. Монографија за с. Безево „ Безево, историја, култура и традиција“ 2013 г. Живее во Струга