Во рамките на програмата на Владата на Република Македонија во областа на информатичко општество спаѓа и проектот „Светот на дланка” преку кој се обезбедуваат бесплатни интернет услуги и приближување на информациско - комуникациските технологии до граѓаните. Според програмата и динамиката на проектот, досега во два наврати во повеќе градови низ Република Македонија беа отворени бесплатни интернет клубови со што им се овозможи на сите заинтересирани граѓани слободен пристап до интернетот и користење на останатите услужни компјутерски апликации за професионални или лични потреби. Проектот има за цел намалување на дигиталниот јаз меѓу населението во Република Македонија, зголемување на интернет пенетрацијата и вклученоста на граѓаните во информатичкото општество.

Согласно програмата за работа, во клубовите се вработени вкупно 32 информатичари, кои покрај завршено соодветно образование имаат и понапреднати познавања од областа на информатиката, со што се подготвени стручно да ги извршуваат секојдневните обврски од работата (одржување на комјутерите, техничка помош на посетителите итн.).

Отворени бесплатни интернет клубови во Република Македонија

уреди

Во првата фаза, во 2007-та година беа отворени интернет клубови (по еден) во 15 поголеми градови во Република Македонија, и тоа во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Неготино, Демир Капија, Кавадарци, Ресен и Гевгелија.

Во втората фаза, во 2009-та година дополнително беа отворени уште 7 нови интернет клубови, во следните градови: Дебар, Кратово, Крушево, Македонски Брод, Радовиш, Свети Николе и Штип, при што се води сметка за регионалното опслужување на интернет корисниците.

Адреси

уреди
Интернет клуб во Адреса Работно време
Скопје ул. Македонија бр.3 11:00 - 17:00
Битола ул. Иван Милутиновиќ бб - Комплекс Безистен локал бр.16 11:00 - 17:00
Тетово ГТЦ бр.90/1 11:00 - 17:00
Охрид Бул. Туристичка - мини базар Слобода 11:00 - 17:00
Прилеп ул. Борка Талески бр.46 11:00 - 17:00
Гостивар ул. Браќа Гиновски бр.17 11:00 - 17:00
Кичево ул. 4-ти Јули бр.188, локал 1/2 10:00 - 22:00
Неготино ул. Маршал Тито бр.192,локал 5 11:00 - 17:00
Куманово ул. Доне Божинов бр.24 11:00 - 17:00
Кочани ул, Роза Петрова 3-3 11:00 - 17:00
Кавадарци ул. Благоја Крстиќ бр.3 локал 2 11:00 - 17:00
Штип ул. Кирил и Методиј б.б.(позади ТЦ Нама) 11:00 - 17:00
Свети Николе ул. Ангел Трајчев бр. 28 11:00 - 17:00
Дебар ул. Урфи Атоли бр.9 11:00 - 17:00
Радовиш ул. 22-ри Октомври бр.76 11:00 - 17:00
Гевгелија Бул. Гевгелија бб локал 14 10:00 - 22:00
Крушево ул. Маршал Тито бр.16 10:00 - 22:00
Македонски Брод ул. Маршал Тито б.б. 10:00 - 22:00
Демир Капија ул. 11-ти Октомври бб/2 локал 1 10:00 - 22:00
Крива Паланка ул. Маршал Тито бр.163 10:00 - 22:00
Кратово ул. Јосиф Даскалов бр.34 10:00 - 22:00 (секој ден)
Ресен ул. Мите Богоевски бр.7 локал бр.9 10:00 - 22:00 (секој ден)

Работно време

уреди

Во зависност од бројот на вработените во интернет клубовите, усогласено е и работното време на клубот. Така, онаму каде што е вработено едно лице, достапноста на клубот е во текот на 6 работни часа, од 11 до 17 часот, пет работни дена во неделата; во клубовите каде има две вработени лица достапноста на клубот е од 10 до 22 часот во текот на 5 работни дена во неделата; додека пак во клубовите со три вработени лица, работното време е од 10 до 22 часот, во текот на целата седмица, вклучувајќи ги и деновите за викенд.

Обуки

уреди

Покрај секојдневното сервисно опслужување со интернет услугите, во бесплатните интернет клубови во неколку наврати се реализираа бесплатни обуки за работа со компјутери. Обуката ја изведуваа квалификувани информатичари-демостранти, а согласно потребите на слушателите предавањата се изведуваа на македонски и албански јазик. Исто така, се обрнува внимание и за приоритетна застапеност на слушателите од социјално загрозените категории како и на лицата со посебни потреби. Во 2012 година обуките ги посетиле 1067 лица. Покрај бесплатните обуки за работа со компјутери, во мај 2013 година, во интернет клубовите започна прв циклус на обуки за изработка и објава на содржини на Википедија.

Извори

уреди