Корисник:Marija.m/Шатровечки јазик

ШАТРОВЕЧКИ ЈАЗИК Шатровечкиот јазик (сленг, арго) претставува варијанта или дополнување на обичниот говорен јазик. Изразите во него можат да се состојат од два или повеќе зборови, а можат да настанат и со скратување на одделни зборови или од споени почетни букви на неколкѕ зборови (вип-врска и протекција). Изразите на сленгот често станале и ономатопеи а понекогаш се позајмуваат и од друг јазик, тие исто така можат да бидат и аналогија на некои нешта. Сите тие различни форми на шатровечкиот говор настануваат од многу причини и во различни услови. Најчесто така зборуваат луѓе што и припаѓаат на иста група, тоа може да биде иста гранка во тговијата, иста професија, заедничко хоби или доба на старост, а исто така и припадност на ист општествен сталеж. Студентите на пример, имаат свои “шибери” и свој “фак”, додека келнерите викаат само “Две лути” или “Три без!” кога нарачуваат ракија или горчливо кафе. Меѓутоа, истиот збор не мора во една група да значи исто како и во друга.Во некои општествени услови сленгот се создава побрзо и полесно, отколку во други. Ако завладее некој немир, ако луѓето одеднаш се најдат здружени во иста цел (како на пример, во војна), бргу расте бројот на нови зборови (блиц, воли-токи и други зборови создадени во минатата светска војна).Понекогаш некоја духовита личност ќе измисли нов израз што другите луѓе наскоро ке почнат да го употребуваат. Често зборови или изрази што некогаш се сметале за шатровечки, со време бидуваат прифаќани и внесени во речениците, додека други се употребуваат со децении, па сепак остануваат надвор од нормите.

Референци уреди

Вук Караџиќ, 1000 Зошто 1000 Затоа, Белград, 1988 год.