ЈУНАКОТ ОД ПРЕТОР, СЛАВЕН БОРЕЦ ПРОТИВ ТИРАНИЈАТА - ЃОРГИЈА ПАРГОВСКИ



ЃОРГИЈА ВТОРИ ПАРГО- (1884- 1914 г.) е импресивна личност од времето на почетокот на 20 век. Револуционер и комита кој зад себе остави една неизбришливи трага на бестрашност кога станува збор за бранење на своето семејство, родно огниште, својот крај, и кој остава вечен знак на препознатливост на чесност, достоинство, гордост и непокорност, подготвен да се изложи на губење на својот живот, но не и својата чест.

Син е на Никола (роден 1854 г.). Како потомок на непокорните Парго, сој со векови наназад познат по спротивставувањето и на најсуровите и најбезмилосни тирани- поробувачи, Ѓоргија Втори Парговски генот го внесува уште многу млад  во борба за слобода, во која се вклучил уште во детските денови.

Се оженил со Санта Белевска од Подмочани, потомка на Илинденец, и добил две деца- Панда и Лазар Парговски, и за цело време ги спроведува комитските активности, трпејќи неговиот приватен и семеен живот.

За жал е фатен од тираните и млад погубен од нивна страна.

Ќе остане вечно запаметен неговиот херојски подвиг при погибијата- побарал и дозволил да биде стрелан без заврзани очи, смело гледајќи го во очи ликвидаторот- душманин, давајќи му до знаење дека борбата за правдина и човечкото достоинство кај вистински борец е и над смртта.

Последната почит на неговите џелати кон него  била изразена преку нивниот гест да му ја исполнат последната желба, а таа била да му го донесат и стават на раце синот Лазар.

Откако му ја исполниле таа голема последна  татковска желбата, јунакот од Претор е свирепо убиен на свои 30 години.

Со тоа, неговиот син Лазар останува бебе сирак на нецела година, но понатаму во животот тргнува по татковите стапки, Лазар е познат голем борец и револуционер во Втората светска војна, а пак неговиот внук Ѓорги Трети Ѓоргиевски го зел презимето во чест на дедо си.

Ѓорги Трети Ѓоргиевски е запаметен како честит човек со чиста национална и интернационална димензија, човекољуб, исклучително ценета општествена личност, новинар и славен текстописец и поет.

Парго е еден од симболите на Претор за кои со подотворена уста се раскажува и ден денес!

Во негова чест  неговите наследници изградија куќа во Претор, а во чест на неговата величина една од  неговите внуки неговото херојство го преточи во книга, посветена на Ѓоргија Втори Парго.