Корисник:Dentedeleone/Риголето23
{ж == Компонирање == [[Податотека:Verdi-1850s.jpg|мини| Верди околу 1850 г]] Венецијанската оперска куќа [[Ла Фениче]] во 1850 му платила на Верди за да компонира нова опера. Верди своевремено бил доволно прочуен за да му се даде слобода при изборот на текстови за музика. На почетокот го замолил [[Франческо Марија Пиаве]] (со кого веќе ги создал ''[[Ернани]]'', ''[[Му должам на Фоскари|Двајца Фоскари]]'', ''[[Магбет (опера)|Магбет]]'', ''[[Ил корсаро|Гусар]]'' и ''[[Стифелио]]'' ) да ја прегледа драмата ''Кин'' од [[Александар Дима|Александар Дима (таткото)]], но набрзо се премислил и сметал дека треба да најдат нешто поенергичено.<ref name="PM265">{{Harvp|Phillips-Matz|1993}}</ref> Тоа било контроверзната драма во пет чина од [[Виктор Иго]] „''[[Le roi s'amuse|Кралот се забавува]]“'' ([[Француски јазик|фран]]: ''Le roi s’amuse)''. Верди подоцна ќе објасни „Тематиката е величенствена, огромна, а има и лик кој е една од најголемите креации со кои може да се пофали театарот, во сите земји и во целокупната историја“.<ref name="VtoP1850">Verdi to Piave, 28 April 1850, in {{Harvp|Phillips-Matz|1993}}</ref> Сепак, начинот на кој Иго го прикажува кралот ([[Франсоа I|Франсоа I од Франција]]) како подмитлив, циничен и женкар било неприфатливо и скандалозно. Драмата која била забранета во Франција по нејзината премиера скоро пред дваесет години (и не се одиграла повторно сѐ до 1882 година); {{Sfnp|Hugo|1863}} сега требало да се претстави пред Австрискиот одбор на [[Цензура|Цензури]]. Уште од почетокот, и композиторот и либретистот знаеле дека тоа нема да биде лесно. Верди во писмото до Пиаве напишал да го пребара целиот град и му најде влијателна личност која ќе ја добие дозволата за создавање на „Кралот се забавува“. <ref name="VtoP1850">Verdi to Piave, 28 April 1850, in {{Harvp|Phillips-Matz|1993}}</ref> Гилермо Брена, секретар на Ла Фениче, им ветил на двајцата дека нема да имаат проблеми со цензурата. Но, не бил во право, а летото се ширеле гласини дека композицијата ќе биде забранета. Верди и Пиаве се повлекуваат во родниот град на Верди, [[Бусето]] за да направат план како да ја сработат операта. И покрај натчовечките напори, вклучително и честите преписки со Ла Фениче, австрискиот цензур не дава согласност за керирање на „La Maledizione“ (работниот наслов на операта).{{Sfnp|Phillips-Matz|1993}} [[Податотека:Rigoletto_premiere_poster.jpg|мини| Плаката од [[Ла Фениче]] за светската премиера на ''Риголето'']] Пиаве почнал да го преработува либретото, во кое кралот е заменет со војвода, а грпката и клетвата ги снемало. Верди се спротиставил на ова решение, претпочитајќи директно да разговара со цензурите за секој детал од делото.{{Sfnp|Phillips-Matz|1993}} Во јануари 1851 г., направен е компромис: ќе се премести дејството на операта, а некои ликовите ќе се преименуваат. Во новата верзија, војводата ќе раководи со [[Мантуа|Мантова]] и ќе биде од семејството Гонзага. (Семејството на Гонзага било одамна изумрено, а Војводството Мантова веќе не постоело.) Сцената во спалната соба на Џилда да се избрише, а посетата на грофот на ''Таверната'' да не биде намерна, туку да биде заведен. Грбавиот шут (изворно наречен [[Трибулет|Трибуле]]) е преименуван во Риголето. На 14 јануари, официјалниот наслов на операта станал ''Риголето'' .{{Sfnp|Phillips-Matz|1993}} Верди ја завршува композицијата на 5 февруари 1851 година, нешто повеќе од месец дена пред премиерата. Пиаве го организира дизајнирањете на сцените уште додека Верди го довршува третиот чин. На 7 февруари, музиката им е дадена на дел од пеачите за да ја научат {{Sfnp|Phillips-Matz|1993}} За премиерата, Ла Фениче ги избрала [[Феличе Варези|Фелис Варези]] како Риголето, младиот тенор [[Рафаеле Мирате]] како Војводата и [[Тереза Брамбила]] како Џилда (иако Верди сакал тоа да биде [[Тереза Де Џули Борси]]). {{Sfnp|Budden|1984}} == Изведба == [[File:Felice_Varesi.jpg|мини| [[Феличе Варези]], првиот Риголето]] [[Податотека:Teresa_Brambilla_1845.jpg|мини| [[Тереза Брамбила]], првата Џилда]] ''Риголето'' е премиерно прикажана на 11 март 1851 г. во распродадената Ла Фениче, а била изведена како прв дел од двојната претстава со балетот ''Фауст на'' [[Џакомо Паница]]. Диригент бил [[Гаетано Марез]], а сцените биле дизајнирани и поставени од Џузепе Бертоја и Франческо Багнара.{{Sfnp|Casaglia|2005}} Премиерата е триумфална, особена циничната [[арија]] на Војводата, „[[Ла дона е мобилен|La donna è mobile]]“, која се пеела на улиците следното утро.<ref name="Downes">{{Harvp|Downes|1918}}</ref> <ref name="Downes" /> <ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.telegraph.co.uk/culture/music/opera/9183265/The-opera-novice-Rigoletto-by-Giuseppe-Verdi.html|title=The opera novice: ''Rigoletto'' by Giuseppe Verdi|last=Rahim|first=Sameer|authorlink=Sameer Rahim|date=3 April 2012|work=[[The Daily Telegraph]]|location=London|accessdate=9 March 2013}}</ref> == Улоги == [[File:Rigoletto_premiere_costumes_for_the_Duke_and_Gilda.jpg|мини| Костими за војводата од Мантова и Џилда објавени од Каза Рикорди веднаш по премиерата од 1851 г.]] {| class="wikitable" ! scope="col" | Улога ! scope="col" | Вид глас ! scope="col" | Премиерна екипа, 11 март 1851 година <br /> Диригент: [[Гаетано Марез]] |- | Риголето, ''шутот на војводата'' | [[баритон]] | Феличе Варези |- | Џилда, ''негова ќерка'' | [[сопран]] | Тереза Брамбила |- | Војводата од Мантова | [[тенор]] | Рафаеле Мирате |- | Спарафучил, ''најмен'' ''убиец'' | [[бас]] | Паоло Дамини |- | Мадалена, ''негова сестра'' | [[Контраалт (опера)|контраалт]] | Анета Казалони |- | Џована, ''дадилка на Џилда'' | мецосопран | Лаура Саини |- | Грофот Чепрано | бас | Андреа Белини |- | Грофицата Чепрано, ''негова жена'' | мецосопран | Луиџа Морсели |- | Матео Борса, ''дворјанин'' | тенор | Анџело Зулиани |- | Грофот Монтероне | баритон | Фелисијано Понц |- | Маруло | баритон | Франческо Де Кунерт |- | Судски помошник | бас | Џовани Рици |- | [[Паж]] | мецосопран | Анета Модес Ловати |- | colspan="3" | ''Машки хор: дворјаните и гостите на војводата'' |} == Дејствие == : Место: [[Мантова]] : Време: шеснаесетти век <ref>The synopsis is based partly on {{Harvp|Melitz|1913}} with updated English for clarity.</ref> === Чин 1 === ''Сцена 1: Мантова.'' ''Војводата и Борса влегуваат.'' [[Податотека:Roi_s'amuse-Hugo.png|лево|мини| Чин 1, сцена 1: ''Царот си се забавува'' од ''Виктор Иго'']] На балот, војводата пее за задоволството во животот со што е можно повеќе жени:„''Questa o quella''“ („Оваа или онаа“). Му кажува на Борса дека видел непозната убавица во црквата и сака да ја има, ама сака да ја заведе и грофицата Чепрано. Риголето, грбавиот дворски шут на војводата, ги исмева мажите на дамите во кои е вљубен војводата, вклучително и грофот Чепрано. На шега го советува војводата да се ослободи од грофот Чепрано така што ќе го затвори, прогони или убие. Маруло, еден од гостите на балот, им кажува на дворјаните дека Риголето има „љубовница“,(не знаејќи дека „љубовницата“ е всушност ќерката на Риголето). Дворјаните, на предлог на Чепрано, решаваат да му се одмаздат на Риголето затоа што ги исмејувал. На веселбата доаѓа грофот Монтероне, чија што ќерка била заведенаод војводата. Риголето го задева за немоќта да ја одмазди за честа на ќерка си. Монтероне почнува да се расправа со војводата и затоа е уапсен од стражарите на војводата. Пред да биде одведен во затвор, Монтероне ги проколнува и војводата за заведувањето на ќерка му, и Риголето затоа што го исмевал со него. Риголето е преплашен од клетвата, зошто верува суеверието дека клетвата од старец секогаш те стигнува. [[Податотека:Rigoletto_premiere_stage_set_for_Act_1,_Scene_2.jpg|мини| Чин 1, сцена 2 поставена од Џузепе Бертоја за светската премиера на ''Риголето'']] ''Сцена 2: Ноќ. На крајот од една слепа уличка, со две куќи во позадина.'' Не престанувајќи да мисли на клетвата од старецот, Риголето оди до куќата во која ја крие ќерка си од светот и го сретнува атентаторот Спарафучил, кој му приоѓа и му ги нуди своите услуги. Риголето одбива, но ако треба во иднина ќе го има на ум. Спарафучил си заминува. Риголето потонува во мисли за тоа колку се слични тие двајцата: „Pari siamo!“ („Слични сме!“); Спарафучил убива со својот меч, а Риголето го користи „злобниот јазик“ за да ги убие жртвите. Риголето ја отвора вратата и ја прегрнува Џилда. Срдечно се поздравуваат:"Figlia!" "Mio padre!" ("Ќерко!" "Татко мој!" ). Риголето ја крие ќерка си од војводата и целиот градот, а таа не што работи татко ѝ. Откако ѝ забранил да се појавува во јавност, таа не одела никаде освен во црква и не го знае ниту името татко ѝ. По заминувањето на Риголето, се појавува војводата и ја прислушнува Џилда како ѝ кажува на нејзината дадилка Џована дека ѝ е криво што не му кажала на татко ѝ за младиот човек што го запознала во црквата. Кажува дека се заљубила во него, но дека ќе го сакала уште повеќе ако бил студент и сиромашен. Војводата, пресреќен влегува во собата. Џилда, вознемирена, ја довикнува Џована, незнаејќи дека војводата ѝ платил за да си оди. Преправајќи се дека е студент, војводата искажува љубов кон Џилда: „È il sol dell'anima“ („Таа е сонце за душата“). Прашан за името, Војводата вели дека се вика Гултие Малде. Џилда слуша звуци и исплашена дека татко ѝ се вратил, го испраќа војводата со обостран завет за љубов:„Addio, addio“ („Збогум, збогум“). Џилда е сама и обземена со љубовта кон Војводата, за кој мисли дека се вика Гултие Малде „Caro nome che il mio cor“ („Најмилозвучно име за срцево“). Се враќа Риголето: „"Riedo!... perché?" („Се вратив!... зошто?“, а дворјаните пред соѕиданата градина (мислејќи дека Џилда е љубовницата на шутот) се спремаат да ја грабнат беспомошната девојка. На Риголето му кажуваат дека ќе ја грабаат грофицата Чепрано. Гледајќи ги маскирани, Риголето бара маска и за себе; додека му ја ставаат маската, му ги врзуваат и очите. Измамен и со врзани очи, тој им ја придржува скалата додека се качуваат до собата на Џилда: Рефрен: "Zitti, zitti" („Тивко, тивко“). Риголето им помага на дворјаните да ја однесат Џилда. Кога ќе остане сам, Риголето ја вади маската и превезот од очите и сфаќа дека ја грабнале Џилда. Се онесвестува во очај, присетувајќи се на клетвата на старецот. === Чин 2 === [[Податотека:L'estremità_di_una_via_cieca._Casa_di_Gilda,_bozzetto_di_Mario_Sala_per_Rigoletto_(1903)_-_Archivio_Storico_Ricordi_ICON000120_B.jpg|мини| Сценографија за Риголето чин 2 (1903)]] ''Соба во палатата на војводата.'' Војводата е загрижен од исчезнувањето на Џилда: "Ella mi fu rapita!" („Ми ја украдија!“) и „Parmi veder le lagrime“ („Ми се чини дека гледам солзи“). Влегуваат дворјаните и го известуваат дека ја фатиле љубовницата на Риголето. По описот, тој сфаќа дека се работи за Џилда и ита во просторијата каде што ја чуваат: „Possente amor mi chiama“ („Моќната љубов ме повикува“). Влегува Риголето, глумејќи дека сѐ е во ред, но загрижено бара некаква трага од Џилда, за која верува дека паднала во рацете на војводата. Дворјаните се преправаат дека не ја забележуваат неговата вознемиреност, но тивко се смеат еден со друг. Пристигнува [[паж]] со порака од сопругата на војводата (војвотката сака да разговара со сопругот), но дворјаните му викаат да не го вознемурива војводата во моментот. Риголето си помислува дека тоа мора да значи дека Џилда е со војводата. Тој открива дека Џилда му е ќерка, а дворјаните се изненадени. Прво бара, а потоа низ солзи ги моли дворјаните да му ја вратат. Тој се обидува да влезе во собата каде што ја чуваат Џилда, но дворјаните му го попречуваат патот. По некое време, влегува Џилда, а Риголето им наредува на дворјаните да ги остават сами. Дворниците ја напуштаат собата. Џилда му раскажува на татко ѝ што ѝ се случувало во палатата, а тој се обидува да ја утеши. Низ собата минува Монтероне кого го водат во затвор и тој застанува пред портрет на војводата, и му е жал што клетвата не вродила со плод. Откако стражарите ќе го изнесат Монтероне, Риголето си вика дека погрешно го сфатиле старецот; тој, Риголето, обесчестениот кловн, ќе направи дожд од громови и молњи да врнат врз главата на престапникот. Го повторува овој завет, а Џилда го моли да се смилува на нејзиниот љубовник Војводата: Дует:„Sì! Vendetta, tremenda vendetta!“ („Да! Одмазда, страшна одмазда!“). === Чин 3 === ''На реката [[Минсио]] .'' ''Лево има куќа на два ката.'' ''Низ голем лак на приземјето може да се види таверна, и скали кои водат до таванска соба со мал кревет.'' ''Ноќ е.'' ''Џилда и Риголето, вознемирни, стојат на патот; Спарафучил седи на маса во таверната.'' Се гледа дел од куќата на Спарафучил, две соби кои публикатаможе да ги види. Риголето и Џилда доаѓаат пред неа. Од внатре се слуша гласот на војводата, кој пее „[[La donna è mobile]]“ („Жената е непостојана“). Мадалена, Сестрата на Спарафучил, го намамила во куќата. Риголето и Џилда слушаат однадвор додека Војводата флертува со Мадалена. На Џилда ѝ е криво што војводата е неверен; Риголето ја уверува дека организира одмазда:„[[Bella figlia dell'amore]]“ („Убава ќерка на љубовта“). Риголето ја тера Џилда да се проблече во машко и да замине за [[Верона]], и ѝ кажува дека ќе и се придружи подоцна. Откако ќе замине Џилда, Риголето се ценка со платениот убиец. Се договараат да го убие својот гостин за 20 [[скуди]]. Риголето си заминува. Почнува да се замрачува, се спрема бура и војводата одлучува да преноќи во куќата. Спарафучил го носи на горниот спрат за да преспие, одлучувајќи да го убие додека спие. Џилда, која и покрај неговото неверство, сè уште го сака војводата, се враќа преоблечена во маж и стои пред куќата. Мадалена, веќе вљубена во војводата, го моли Спарафучил да му го поштеди животот. Спарафучил неволно ѝ ветува дека ако до полноќ најде друга жртва, ќе ја убие наместо војводата. Џилда го прислушкува ова, па решава да се жртвува за војводата и влегува во куќата. Спарафучил ја прободува и таа се струполува, смртно ранета. На полноќ, кога Риголето доаѓа со парите, добива вреќа во која има труп и се радува на својата победа. Става камења во вреќата, и пред да ја фрли во реката го слуша гласот на војводата, како сонливо пее реприза на неговата арија „La donna è mobile. Збунет, Риголето ја отвора вреќата и, во очај, ја гледа својата ќерка на умирање. На момент, таа оживува и кажува дека ѝ е мило што умрира оној што го сака: „V'ho ingannato“ („Татко, те измамив“). Умира во татковите раце. Риголето плаче ужаснат: „La maledizione!“ ("Проклетството!") <ref name="Grove">{{Harvp|Parker|2001}}</ref> <references group="б" />