Корисник:Dentedeleone/Норманско освојување на Англија 2

[[Податотека:Norman-conquest-1066.svg|мини| Местата на главните настани за време на Норманското освојување на Англија во 1066 година]] '''Норманското освојување на Англија''' е инвазија и окупација на [[Англија]] во 1066 година од страна на армијата предводена од [[војводата од Нормандија]], подоцна наречен [[Вилијам I|Вилијам Освојувачот]]. Хардрада на почетокот на септември со 300 брода и петнаесет илјадна војска ја нападнал северна Англија. Кон неговата војска се приклучиле и силите на Тостиг. На 20 септември, во [[битката кај Фулфорд]] Норвежаните ја поразиле англиската војска и продолжиле да напредуваат кон Јорк. <ref name="Harold154">Walker ''Harold'' pp. 154–158</ref> <ref name="Marren65">Marren ''1066'' pp. 65–71</ref> == Потекло на Норманите == Во 911 година, [[Каролинзи|Каролиншкиот француски]] владетел [[Карло Едноставниот]] им дозволил на група [[Викинзи]] да се населат во [[Војводството Нормандија|Нормандија]]. За добиената земја Норвежаните требало да го бранат брегот на Нормандија од понатамошни викиншки освојувачи.<ref name="Bates8">Bates ''Normandy Before 1066'' pp. 8–10</ref> Викинзите во тој регион станале познати како „Северњаци“ ([[латински]]: ''Northmanni'') и од овој термин потекнуваат термините „Нормандија“ и „Нормани“.<ref name="Normans15">Crouch ''Normans'' pp. 15–16</ref> Норманите многу брзо ја прифатиле домородната култура и биле асимилирани од Французите, а при тоа се откажале од [[Паганизам|паганството]] и го прифатиле [[христијанство]].<ref name="Bates12">Bates ''Normandy Before 1066'' p. 12</ref> Го прифатиле и [[Оилски јазици|оилскиот јазик]], но додале некои карактеристики од нивниот [[Старонордиски јазик|нордиски јазик]], по пто настанал [[Нормандски јазик|норманскиот јазик]].<ref name="Bates20">Bates ''Normandy Before 1066'' pp. 20–21</ref> Тие ги прошириле границите на војводството, и кон неа ги приполе териториите: Бесин, [[Котантен|полуостровот Котентин]] и [[Авранши|Авранш]].<ref name="Capet53">Hallam and Everard ''Capetian France'' p. 53</ref> Во 1002 година, англискиот крал [[Етелред II Неспремниот]] се оженил со [[Ема од Нормандија]], сестра на [[Ричард II, војвода од Нормандија|Ричард II, војводата од Нормандија]].<ref name="Unready54">Williams ''Æthelred the Unready'' p. 54</ref> Нивниот син [[Едвард Исповедникот]], кој поминал многу години во егзил во Нормандија, го наследил англискиот трон во 1042 година.<ref name="Ruling3">Huscroft ''Ruling England'' p. 3</ref> По ова норманите се заинтересирале за англиската политика. Поради тоа што Едвард немал деца, војводата Вилијам од Нормандија покажувал амбиции за англискиот трон.<ref name="Unification86">Stafford ''Unification and Conquest'' pp. 86–99</ref> По смртта на кралот Едвард на почетокот од 1066 година, се појавиле неколку претенденти кои тврделе дека треба да го наследат тронот на Англија.<ref name="Death167">Higham ''Death of Anglo-Saxon England'' pp. 167–181</ref> [[Ерл од Весекс|Грофот од Весекс]], Харолд Годвинсон, бил избран и крунисан за крал.<ref name="Death167" /> <ref name="Walker136">Walker ''Harold'' pp. 136–138</ref> Харолд веднаш бил предизвикан од двајца моќни соседни владетели. Војводата Вилијам тврдел дека кралот Едвард му го ветил тронот и дека Харолд се заколнал дека ќе се согласи со тоа;<ref name="BatesWilliam73">Bates ''William the Conqueror'' pp. 73–77</ref> Кралот Харалд III од Норвешка, попознат како [[Харалд III (Норвешка)|Харалд Хардрада]], исто така го оспорил крунисувањето. Тој се повикувал на договорот помеѓу неговиот претходник, [[Магнус Добриот]], и претходниот англиски крал ([[Harthacnut|Хартакнут]]), според кој ако еден од нив умре без наследник, другиот ќе ги наследи Англија и Норвешка.<ref name="Death188">Higham ''Death of Anglo-Saxon England'' pp. 188–190</ref> {{Efn|Harthacnut was the son of King [[Cnut the Great]] and Emma of Normandy, and thus was the half-brother of Edward the Confessor. He reigned from 1040 to 1042, and died without children.<ref name=Harthacnut>Keynes "Harthacnut" ''Blackwell Encyclopaedia of Anglo-Saxon England''</ref> Harthacnut's father Cnut had defeated Æthelred's son [[Edmund Ironside]] in 1016 to claim the English throne and marry Æthelred's widow, Emma.<ref name=Conquest84>Huscroft ''Norman Conquest'' p. 84</ref> After Harthacnut's death in 1042, Magnus began preparations for an invasion of England, which was only stopped by his own death in 1047.<ref name=Stenton423>Stenton ''Anglo-Saxon England'' pp. 423–424</ref>}} Вилијам и Харалд почнале да собираат војска и бродови за да ја нападнат Англија.<ref name="Ruling12">Huscroft ''Ruling England'' pp. 12–14</ref> {{Efn|Other contenders later came to the fore. The first was [[Edgar Ætheling]], Edward the Confessor's great nephew who was a patrilineal descendant of King [[Edmund Ironside]]. He was the son of Edward the Exile, son of Edmund Ironside, and was born in Hungary, where his father had fled after the conquest of England by [[Cnut the Great|Cnut]]. After his family's eventual return to England and his father's death in 1057,<ref name=Huscroft96>Huscroft ''Norman Conquest'' pp. 96–97</ref> Edgar had by far the strongest hereditary claim to the throne, but he was only about thirteen or fourteen at the time of Edward the Confessor's death, and with little family to support him, his claim was passed over by the [[Witenagemot]].<ref name=Huscroft132>Huscroft ''Norman Conquest'' pp. 132–133</ref> Another contender was [[Sweyn II of Denmark]], who had a claim to the throne as the grandson of [[Sweyn Forkbeard]] and nephew of [[Cnut the Great|Cnut]],<ref name=Stafford86>Stafford ''Unification and Conquest'' pp. 86–87</ref> but he did not make his bid for the throne until 1069.<ref name=Bates103>Bates ''William the Conqueror'' pp. 103–104</ref> [[Tostig Godwinson]]'s attacks in early 1066 may have been the beginning of a bid for the throne, but after defeat at the hands of [[Edwin, Earl of Mercia|Edwin]] and [[Morcar]] and the desertion of most of his followers he threw his lot in with Harald Hardrada.<ref name=Thomas33>Thomas ''Norman Conquest'' pp. 33–34</ref>}} == Норвешката инвазија == На почетокот од 1066 година, прогонетиот брат на Харолд, [[Тостиг Годвинсон]], со флотата што ја регрутирал во [[Фландрија]] ја нападнал југоисточна Англија. Затоа што таму го дочекала флотата на Харолд, Тостиг се преселил на север и извршил напад на [[Источна Англија]] и [[Линколншир]], но неговиот напад бил одбиен. Откако го напуштиле многу од неговите следбеници, Тостиг се повлекол во Шкотска, и почнал да регрутира нови сили.<ref name="Harold144">Walker ''Harold'' pp. 144–145</ref> Кралот Харосо голема војска бил на на јужниот бри го та чл го Вилијам да ја нападненото на 8 септември Харолја отпуштил својата војска затоа што требало да ги жнеат посевител. <ref name="Harold145">Walker ''Harold'' pp. 144–150</ref> Хардрада го завзел Јорк, и со првенците од градот како заложници (на 24 септември) Норвежаните се преселиле до селцето [[Стемфорд Бриџ, Источно јавање во Јоркшир|Стемфорд Бриџ]].<ref name="Marren73">Marren ''1066'' p. 73</ref> Кралот Харолд, во средината на септември, дознал за норвешката инвазија и се упатил на север.<ref name="Harold158" /> На кралските сили им биле потребни девет дена за да го поминат растојанието од Лондон до Јорк, во просек речиси 40 км на ден. Утрото на 25 септември, силите на Харолд стигнале во Јорк<ref name="Marren74">Marren ''1066'' pp. 74–75</ref> и ги изненадиле Норвежаните, победувајќи ги во [[Битка на Стемфорд Бриџ|битката кај Стемфорд Бриџ]]. Харалд и Тостиг погинале во битката, а војската на Норвежаните била десеткувана. Меѓутоа, ова било скапа победа за Англичаните затоа што армијата на Харолд била ослабенета и далеку од Ла Манш.<ref name="Harold158">Walker ''Harold'' pp. 158–165</ref> == Норманската инвазија == === Норманската подготовка и нивните вооружени сили === Вилијам собрал огромна армија од Нормандија и од цела Франција.<ref name="Bates79">Bates ''William the Conqueror'' pp. 79–89</ref> Армијата била стационирана во [[Сен Валери-сур-Сом]] и била подготвена да го премине Англискиот Канал во средината на август.<ref name="Douglas192">Douglas ''William the Conqueror'' p. 192</ref> Не е познат точниот број и состав на силите на Вилијам.<ref name="Gravett20">Gravett ''Hastings'' pp. 20–21</ref> Еден современ документ тврди дека Вилијам имал 726 бродови.<ref name="Bennett25">Bennett ''Campaigns of the Norman Conquest'' p. 25</ref> Современите историчари понудија низа проценки за големината на силите на Вилијам: Армија од 7000–8000 луѓе, од кои 1000–2000 коњаници; <ref name="Bennet26">Bennett ''Campaigns of the Norman Conquest'' p. 26</ref> 10.000–12.000 пешадија; <ref name="Lawson163">Lawson ''Battle of Hastings'' pp. 163–164</ref> 10.000-на армија, од кои 3.000 коњаници; <ref name="Marren89">Marren ''1066'' pp. 89–90</ref> и 7500 пешадија.<ref name="Gravett20" /> === Стигнување во Англија === [[Податотека:BayeuxTapestry39.jpg|лево|мини| Пристигнувањето во Англија (сцена од таписеријата Баје).]] Норманите пристигнале во Англија неколку дена по победата на Харолд над Норвежаните кај Стемфорд Бриџ на 25 септември. Тие се истовариле во [[Певенси]] во [[Сасекс]] на 28 септември и направиле дрвена тврдина во [[Хејстингс]], од каде што ја напаѓале околината.<ref name="Bates79">Bates ''William the Conqueror'' pp. 79–89</ref> Харолд, откако ги поразил својот брат Тостиг и Харалд Хардрада на север, оставил голем дел од својата армија таму и со остатокот од војската се упатил на југ за да се справи со норманската инвазија.<ref name="Carpenter72">Carpenter ''Struggle for Mastery'' p. 72</ref> Иако Харолд се обидел да ги изненади Норманите, норманските извидници го најавиле пристигнувањето на Англичаните. Вилијам ја повел својата војска и напредувал кон непријателот.<ref name="Lawson180">Lawson ''Battle of Hastings'' pp. 180–182</ref> Харолд зазел одбранбена позиција на врвот на ридот Сенлак на околу 9,7 км од тврдината на Вилијам во Хејстингс.<ref name="Marren99">Marren ''1066'' pp. 99–100</ref> Се смета дека бројката на англиски војници кај Хејстингс била помеѓу 7000 и 8000 војници.<ref name="Gravett28">Gravett ''Hastings'' pp. 28–34</ref> <ref name="Marren105">Marren ''1066'' p. 105</ref> === Битката кај Хејстингс === [[Податотека:Bayeuxtapestrydeathofharold.jpg|десно|мини| Смртта на Харолд (таписерија Баје)]] Битката започнала околу 9 часот на 14 октомври 1066 година и траела цел ден. <ref name="Huscroft126">Huscroft ''Norman Conquest'' p. 126</ref> Иако армиите биле бројно еднакви, Вилијам имал и коњаница и пешадија во која имало и многу стрелци, а Харолд имал само пешадија со малку стрелци. <ref name="Carpenter73">Carpenter ''Struggle for Mastery'' p. 73</ref> Англиските војници формирале штитен ѕид по сртот и на почетокот биле многу ефикасни, така што ја одбиле војската на Вилијам која претрпела големи загуби. Некои од бретонските трупи на Вилијам се испаничиле и побегнале, а некои од англиските војници ги бркале. Норманската коњаница потоа ги нападнала и ги убила трупите што ги бркале. Норманите три пати направиле [[Повлекување (воено)|лажно повлекување]], за да ги искушат на Англичаните да почнат да ги бркаат и по што норманската коњаница ќе ги нападне.<ref name="Huscroft127">Huscroft ''Norman Conquest'' pp. 127–128</ref> Пресуден настан била смртта на кралот Харолд, за која има повеќе верзии. Вилијам Џумигес тврдел дека Харолд бил убиен од војводата. Според други верзии Харолд умрел од раната откако бил застрелан во главата.<ref name="Huscroft129">Huscroft ''Norman Conquest'' p. 129</ref> Други извори наведуваат дека никој не знае како умрел Харолд, бидејќи битката била многу блиску до кралот, а војниците не можеле да видат кој му го задал фаталниот удар.<ref name="Marren137">Marren ''1066'' p. 137</ref> === Крунисување за крал === Ден по битката, телото на Харолд било идентификувано.{{Efn|A 12th-century tradition stated that Harold's face could not be recognised and [[Edith the Fair]], Harold's [[Common-law marriage|common-law wife]], was brought to the battlefield to identify his body from marks that only she knew.<ref name=Gravett80>Gravett ''Hastings'' p. 80</ref>}} Телата на загинатите Англичани, биле оставени на бојното поле.<ref name="Huscroft131">Huscroft ''Norman Conquest'' p. 131</ref> Гита, мајката на Харолд, му понудила на Вилијам злато колку што тежи телото на нејзиниот син за да ѝ го предаде, но тој ја одбил понудата. Вилијам наредил телото на Харолд да се фрли во морето, но не се знае дали е така направено.<ref name="Huscroft131" /> Според друга верзија Харолд бил закопан на врвот на некое ритче.<ref name="Marren146">Marren ''1066'' p. 146</ref> Подоцнежните легенди тврдат дека Харолд не загинал во Хејстингс, туку избегал и станал пустиник во Честер.<ref name="Gravett81">Gravett ''Hastings'' p. 81</ref> По победата кај Хејстингс, Вилијам очекувал да стане англиски крал, но Витенаџмот за крал го прогласиле [[Едгар Етелинг]].<ref name="Douglas204">Douglas ''William the Conqueror'' pp. 204–205</ref> Затоа Вилијам преку [[Кент]] тргнал за Лондон. Попатно ги поразил англиските сили кои го нападнале кај [[Горење на Саутворк|Саутворк]], но не можејќи да го нападне [[Лондонски мост|Лондонскиот мост,]] тој се обидел да стигне до главниот град по заобиколен пат.<ref name="Douglas205">Douglas ''William the Conqueror'' pp. 205–206</ref> Вилијам ја преминал [[Темза]] кај Валингфорд (во Беркшир). Едгар не можел да собере доволно војска за да му се спротистави на Вилијам, и затоа неговите главни поддржувачи го напуштиле, а англиските водачи му се предале на Вилијам во [[Беркамстед|Беркхамстед]], Хертфордшир. На 25 декември 1066 година, во [[Вестминстерска опатија|Вестминстерската опатија]], Вилијам бил крунисан за крал на Англија. <ref name="Douglas205">Douglas ''William the Conqueror'' pp. 205–206</ref> {{Efn|The coronation was marred when the Norman troops stationed outside the abbey heard the sounds of those inside acclaiming the king and began burning nearby houses, thinking the noises were signs of a riot.<ref name=Gravett84>Gravett ''Hastings'' p. 84</ref>}} Вилијам останал во Англија до март 1067 година, по што се вратил во Нормандија со англиските затвореници, меѓу кои и Стиганд, Моркар, Едвин, Едгар Етелинг и Валтеоф. <ref name="Huscroft138">Huscroft ''Norman Conquest'' pp. 138–139</ref> == Последици == === Замена на елитата === Како директна последица на инвазијата се јавила речиси целосната елиминација на старата англиска аристократија и Англичаните ја изгубиле контролата врз [[Римокатоличка црква|Католичката црква]] во Англија. Вилијам систематски им го одземал имотот на англиските земјопоседници и им го доделувал на нормани. Ова било голема кампања за експропријација, така што до 1086 година само околу 5 отсто од земјиштето во Англија јужно од [[Тиз|Тис]] било оставено во рацете на Англичаните. <ref>Thomas ''English and Normans'' pp. 105–137</ref> <ref>Thomas "Significance" ''English Historical Review'' pp. 303–333</ref> Англичаните биле отстранети и од високите владини и црковни функции. Англичаните само повремено биле назначувани за шерифи. Исто така, во Црквата, високите англиски функционери или биле отстранети од позицијата или биле заменети со странци по нивната смрт. До 1096 година ниту една епископија не била во рацете на Англичанец, а ретки биле и англиските игумени, особено во поголемите манастири.<ref>Thomas ''English and Normans'' pp. 202–208</ref> === Англиско исселување === По освојувањето, многу англосаксонци побегнале од земјата <ref name="Byzantium">Ciggaar ''Western Travellers'' pp. 140–141</ref> во Шкотска, Ирска или Скандинавија.<ref name="Daniell">Daniell ''From Norman Conquest to Magna Carta'' pp. 13–14</ref> Членовите на семејството на кралот Харолд Годвинсон побарале засолниште во Ирска и оттаму имале неуспешни инвазии на Англија.<ref name="Huscroft140">Huscroft ''Norman Conquest'' pp. 140–141</ref> Во 1070-тите, група англосаксонци во флота од 235 бродови отпловиле за [[Византија|Византиската империја]]. <ref name="Daniell" /> Византија станала популарна дестинација за многу англиски благородници и војници, затоа што на Византијците им требале платеници.<ref name="Byzantium" /> Некои од англиските мигранти биле населени во византиските погранични региони на [[Црно Море|брегот на Црното Море]] и основале градови кои ги нарекле Њу Лондон и Њу Јорк. <ref name="Byzantium" /> <nowiki> [[Категорија:Англија во 11 век]] [[Категорија:Воена историја на Англија]] [[Категорија:Норманско освојување на Англија]] [[Категорија:Category:Средновековна Англија]] [[Категорија:Category:Нормани]] [[Категорија:Category:Вилијам Освојувачот]] </nowiki>