Корисник:92.53.56.23/Лени Партикова

[1]

  • Од мојата шеста година учев во нижото музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ и пеев во Златно славејче.Го продолжив средното образование во истото училиште,а дипломирав како професор по музичка теорија и педагогија на музичката академија „Св.Кирил и Методиј“-Скопје иВработена 24 години хорист во Националната Опера и балет Скопје убовта и желбата за музиката постои уште од тогаш,а ќе биде во мене секогаш,таа е како моја душевна храна од која сум зависна.Слушам и се бавам со многу различни врсти на музика,но многу ми е важно да таа претставува рај за моите уши,душевен мир и да предизвикува многу чувства и емоции. аботата во МОБ како оперски пејач во хорот ја сакам премногу,тоа оперско пеење,глумата,костимите,самата сцена за мене се голем предизвик и простор за докажување,кој јас со многу труд,целосна ангажираност и голема љубов ја прифаќам како таква.Кога таа сцена ќе се доживее,влегува длабоко во тебе и нема назад.

*Професионалниот хор пак Св.Злата Мегленска,дружењето со колешките,взаемното музицирање на традиционалното православно црковно пеење,во божјиот храм е неописливо душевно доживување.Нашиот диригент Летка Полизова-Димовска е пред се голем човек кој заедно со нас ужива во правењето на сета таа уметност,а како награда за се она што ние го вложуваме таа ни овозможува настапи на хорски натпревари и фестивали низ целиот свет,каде претставувајќи ја пред се црковната музика,па и фолклорни хорски партитури од наши композитори постигнуваме одлични резултати,оставајќи ја публиката без здив. *Албумот „Сенки“ се создаваше во период од шест години,во соработка со неколку композитори и текстописци,а за да стане реалност се погрижи мојата матична продукција К-ТИМ каде јас сум ексклузивец.На албумот има дванаесет композиции секоја е која мене ми се има случено,на оние што ја создале,а многумина и ќе се пронајдат во нив.Големата поддршка од моето семејство ми беше светлина низ целиот пат до самата реализација.Да имаш албум на овие наши простори е тешко но со многу работа и искреност се стига до целта.Нашиот народ е многу музикална нација и знае која музика вреди да се слуша,а нашата музика е многу слушана ,имаме електронски медиуми и радиа што го презентираат тоа што го создаваме.Се оди на подобро,зборувам во лично име,јас сум задоволна од досегашното презентирање,а сега мислам дека публиката уште повеќе ќе има можност да ја слуша и подобро да се запознае со мојата музика.

Досега имам седум видео записи од кој пет сеуште се гледаат на нашите телевизии,а новите две ќе имате можност да ги видите после промоцијата.Мојата цел во музиката е да создавам и инерпретирам се повеќе,ќе следат уште многу нови песни и видео записи,нови албуми а се надевам и коцерт,бидејќи пеењето во живо со бенд или оркестар е мојата вистинска реалност и она што најдобро го можам.Ќе продолжам да правам многу повеќе музика од сите оние видови кои досега ви ги споменав,а во план ми е и албум со преработка на стар македонски фолклор,бидејќи сметам дека традицијата треба да се негува и да се пренесува од генерација на генерација за никогаш да не изумре.

*Од нашите фестивали во Македонија сум пеела на сите,Макфест,Охрид Фест,Еуро Фест,Канео,Поп-Рок фест и ќе продолжам да пеам и понатаму,а надвор од нашите граници настапував во Босна на Еуро-Поп Зеница каде бев поканета како специјален гостин,во Бугарија на фестивалот Откритие во Варна од каде се вратив со награда за интерпретација и во Хрватска на Марко-Поло Фест во Корчула каде освоив трета награда.Има уште фестивали кои ми се во план за настап како Будва Фест,Сунчане Скале и Славјански Базар во Украина,тие ми се следен предизвик.Секој фестивал ми беше ново искуство за покажување,од таму излезе и соработката за дуетот со словенскиот пеач Борут Антончич со кој направивме одличен дует во соработка со маестро Зоран Џорлев,колеги од МОБ каде и што се сними видео записот кој ке имате можност да го гледате,а пак другиот видео запис е сниман во Дубровник за песната од Марко-Поло Фест во Хрватска.Имам и дует на Охрид Фест заедно со мојот продуцент и драг колега Славиша Киброски,а ке следат се надевам и други дуети но и со женски вокали.Мојот знак за распознавање е мојата единствена вокална интерпретација која ја негувам ,оригиналноста на мојата личност,тоа што сум јас навистина,стајлингот и почитта кон мојата конкуренција без која не би знаеле да процените што е вредно.

*Албум Сенки К-ТИМ продукција

https://youtu.be/vnS4WDG4F1k?si=V0LePnXAEhBHb5YB

*Нов двоен албум "Со срце и душа за Македонија" 2022 година

*цд 1 девет забавни песни

https://youtu.be/Lp_BbmGDXk0?si=jqHmKrej6dWkeayV

*Цд 2 тринаесет народни песни песни

https://youtu.be/II7tGdIqqhI?si=XWZLqor4FxMweDeR

https://youtu.be/9eAJguWlry8?si=nQDgVhhs5hN38FC7

*Благодарност до Амбасадор бенд инсрументалисти Дејан Митревски Игор Милошески Златко Павловски Робертино Стефановски Владо Ѓорѓиевски Рикардо Хуна Себастијан Хуна

*Пеачи дуети Раде Младеновски Владо Ѓорѓиевски Гоце Касаповски


*Композитори и текстописци:Владо Ѓорѓиевски Горан Милошески Флори Манев Нена Дулева Огнен Неделковски Ристо Краповски Гоце Касаповски Музичка продукција Горан Милошески Кактус продукција

*Издавачка музичка куќа Сенатор музичка продукција Битола

*Видео концерт Ване Петковски ИНТВ Австралија продукција Охрид

*Фестивалски настапи Макфест Еврофест Охридски трубадури-Охрид Фест Канео Фест Златен Кестен Фестивал Петрич Бугарија Лешочки Фолк Фест Роса фест Валандово Фолк Фест Гоце Фест Константин и Елена- Фестивал на Дуети Могила.

*Албуми Со Македонски изворни песни 2023 година

Корените да не се заборават 1

Цд Со 19 изворни Македонски песни

Корените да не се заборават 2

Цд со 10 изворни Македонски песни

*Микс Мастеринг Љупчо Павловски Бубе студио Анастасија

*Издавачка музичка куќа Сенатор музичка продукција Битола

Солистички концерт на Лени Партикова и Куд Шара Корените Македонски да не се заборават

30.03.2024 год Дом на култура Иљо Антески-Смок Тетово

03.11.2024 Солистички Концерт 20 години Јубилеј под мотото Корените Македонски да не се заборават Национална Опера и Балет Скопје