Корисник:92.53.16.101/Катерина Момева

Катерина Момева е родена на 25.06.1984 во Битола, Македонија. Дипломира Драматургија на Факултетот за Драмски уметности во Скопје (2008г) Магистрира на Постдипломските студии на отсекот Комуницации на Институтот за Социолошко политичко правни истражувања со тема: „Процесот на глобализација преку телевизијата како медиум за масовна комуникација“. Магистер е и по предметот Филмско и тв сценарио на Факултетот за драмски уметности. Од декември 2014 година вработена како драматург во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес

Нејзините драми освен тоа што се поставувани се и издадени. Во 2012 година издадена нејзината книга „Драми“, од издавачката куќа Маска, Скопје. Во 2021 година издадена нејзината книга „Сара и други драми“,од издавачката куќа Перун, Битола.

Поставени и се следниве драми:"Хераклеја и Ликиниј“, „Телеграма“, „Калеш Анѓа, дефинитивно“, „Волшебната шума“, драма за деца, „Хумана Приказна“, “Сара“, „Исмена“,„Сатирска игра“

Работела како драматург на преку дваесет театарски проекти во различни театри.

Од 2009 - 2020 работела како помлад асистент во класата на Професор Д-р Сашко Насев, за предметот Филмско и Тв сценарио, на Факултетот за Драмски уметности во Скопје/ Македонија

Соработувала за сценарија на кратките филмови „Бардо“, во режија од Марија Апчевска и„Намини бар еднаш“ во режија на Косара Митиќ

Изработила ч етириесет епизоди од серијалот НАРОДНИ ПРИКАЗНИ, во продукција на Канал 5 телевизија