Корисник:46.217.183.209/Потрага по загубениот гроб

Потрага по загубениот гроб е македонски роман од младиот и амбициозен автор Панче Коцев, објавен во Октомври 2022 година[[1]]. Делото претставува историска фикција која изобилува со прецизни историски податоци измешани со една модерна измислена приказна. Ризница на историски факти од античкиот, ранохристијанскиот и средновековниот период во Македонија. Иако е дебитанско остварување на авторот, делото за краток рок доживува успех и лесно се шири меѓу читателската публика во Македонија и македонската дијаспора. На најпознатата светска web страница од областа на книжевноста www.goodreads.com[[2]], делото е едно од најдобро оценуваните македонски изданија.


Посвета и наслов

Книгата носи посвета: На Марко и Марија, синот и сопругата на авторот.

Насловот пак описно ни ја дава содржината на делото во кое главните јунаци трагаат по гробот на еден од најголемите великани на историјата, кој и по цели 24 векови останува сокриен за очите на јавноста.

Содржина

Дејствието на романот се одвива во денешно време, на територија на Македонија, како и на териториите кои во далечната антика биле дел од Македонската Империја на Александар Македонски. Во романот се прикажани врската помеѓу македонците кои денес живеат во Македонија и македонците од македонската дијаспора, важноста на таа врска, можностите кои ги нуди и предностите од нејзе за целата македонска нација. Воедно, авторот вешто ни ги опишува внатреорганизациските состојби и проблеми во едно од клучните министерста за нормално функционирање на една современа и модерна држава. И сето ова преку една приказна испреплетена и обогатена со историски факти, народни преданија, легенди и изворни македонски песни.

Почетокот на романот ни дава две навидум разделени приказни. Првата е приказната на професорот по археологија од Бостонскиот Универзитет[[3]], Метју Паркер. Американизиран македонец кој во своите гени по мајчина линија има и италијанска крв. Втората пак е приказната за младиот водач-кустос од археолошкиот локалитет Стоби[[4]], во близина на Градско[[5]]. Делото започнува во САД, каде во универзитетската кантина еминентниот професор Паркер добива неочекувана посета од страна на своите другари од студентските денови на Филозофскиот Факултет во Скопје, Константин и Оливер. И двајцата исто така професори по археологија, му нудат план за остварување на нивниот студентски сон „Пронаоѓање на гробот на Александар Велики[[6]]“ и оживување на нивното студентско друштво наречено „Македонски хетајри“. Без двоумење се согласува, откако ќе дознае дека неговите другари го обезбедиле финансискиот дел на потрагата преку богати финансиери, припадници на македонската дијаспора. Веднаш се пакува и заедно заминуваат во Египет, да се сретнат со главниот финансиер на епохалната потрага. Речиси истовремено на жешките песоци во Стоби, младиот водач-кустос Марко води една особено заинтересирана група составена од двајца мажи и една прекрасна повозрасна дама. Посетителите се особено заинтересирани за градбите околу нив, најмногу Хелен која од првиот миг се обидува да го шармира Марко. И успева во тоа. Истата вечер таа ќе однесе на романтична вечера, додека нејзините пријатели Питер и Стивен вршејќи нелегално копање и крадење на културно наследство ќе извршат убиство, на човек кој сосема случајно ќе налета на нив додека го вршат делото. Откако ќе го извршат злочинот, тие ќе ја расипат романтичната вечера во моментите на кулминација и ќе го присилат младиот Марко да им го дешифрира златниот медалјон и триаголникот во него. Брзиот ум на Марко ќе им даде логичен но погрешен одговор, а откако ќе биде ослободен вистинскиот одговор ќе му го соопшти на професорот Паркер. Ова е мигот кога двете приказни се спојуваат во една. Марко и Метју се познаваат меѓусебно. Пред извесен период професорот му нуди стипендија за последипломски студии во САД, но Марко ја одбива бидејќи има извесна аверзија кон северноамериканското копно. Моментумот на соопштување на откритието и не е баш најдобар. Метју и неговите пријатели се заробени од страна на тајното здружение на Соматофилаките, чувари на гробот на Александар кои во целосен мрак и без ничие знаење егзистираат во Александрија[[7]] повеќе од два милениума. Во внатрешноста на џамијата Наби Даниел[[8]] во Александрија, Соматофилаките и тимот на Метју потпишуваат договор за заедничка соработка во пронаоѓањето на загубениот гроб бидејќи тоа што тие го чуваат не е телото на Александар. Првичниот план да движат кон Долен Египет пропаѓа, новите информации ги носат кон Македонија. Во најубавиот град на Балканот, во Македонскиот Ерусалим, во Охрид.


Изданија на романот

Првото издание на „Потрага по загубениот гроб“ е самостојно издание на авторот Панче Коцев и е промовирано во Октомври 2022 година. Книгата, со обем од 458 страници и со димензии од 20 сантиметри, е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“ во Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-66922-0-9. Книгата е испечатена во печатницата „Графоден“ во Скопје, во тираж од 500 примероци, а ликовно-графичкото уредување е дело на Антонио Карамарков. Првиот тираж е продаден во целост, вториот би требало да излезе заедно со продолжението и со верзијата на англиски јазик.