Корисник:Крњево/Крњево Маало

                                        КРЊЕВО!

По што е познато Крњево?

Крњево маало било познато по старата воена болница “Полумесечина”. На крајот од Болницата се наоѓала Кумановската трошарина каде што била и Стара нова бања. Во Стара нова бања се бањале девојките и момчињата пред армасување. Таа била маалска бања, каде што мажите се бањале во вторник, а жените во сабота. Во останатите денови од неделата, жителите на ова маало се бањале дома во корито. Друго обележје на ова маало била познатата Саат кула Маалото Крњево е познато и по многумина занаетчии родени во ова маало: Борислав Стоилковски- Раштавец, автолимар, Киро Стојановски, брат на народниот херој Коце Стојановски-Металец и Славе Атанасовски, работник и др. Во маалото имало бавчи за тутун, афион, арпаџик, житарици, најубави овошки, градини за ран зеленчук, леи под стакло од каде што се снабдувале скопските пазари. Во маалото Крњево имало најмногу кафеани, како “Врњци”, “Жарла”, “Гавро”, “Алки”, “Светозар” (бордел со кукли - лесни жени) каде што се организирале игранки за млади луѓе. Тука свирел Александар Сариевски, “Саријата”, прочуен пејач на македонски народни песни. На двата брега на р. Вардар се наоѓале плажи, кои крњевчани ги делеле со маџирмаалците. Не помалку е интересна и подолу наведената карактеристика и за маалото Крњево и за р. Вардар:”... во нескротливиот и чист како солза Вардар, од чии води Севдо - Страхил, последниот член на злогласните предвоени “Црни браќа”, ги вадел најголемите бојници, кленови, мрени... па и по некој заскитан сом. “

ДОБРИ СТРАНИ -Крњево се наоѓа во средиштето помеѓу Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Македонската телевизија, Скопскиот Саем и булеварот Александар Македонски. Неговата местоположба е идеална зашто се наоѓа во фрекфентен дел на градот, во централно подрачје, близу до сите потребни објекти и локации. - Во близина на реонот се наоѓа Бит Пазар со што е олеснато пазарувањето, посебно за постарите луѓе, но и во маалото има неколку продавници кои располагаат со дневни колонијални производи. - По булеварот Гоце Делчев се обраќаат приватните и јавните автобуси на линијата со бројот "12", а на овој простор не е проблем да се најде такси во било кое време од денот или ноќта. - Општината Центар со помош од локалните жители има направено на две места катчиња за одмор каде што е овозможено прекрасно дружење како на постарите, така и на младите. - Во овој простор постои и заградено игралиште за кошарка и за мал фудбал.Развиено е и малото стопанство има неколку автоперални, сервиси за автомобили, влечна служба и хотел. - Близу е и трговскиот центар Мавровка, каде има две интернет кафиња, бутици, сендвичари, фотокопири, а во Судската палат се наоѓа и Пошта. - Не е проблем ниту за меѓуградскиот сообраќај. Оние кои што сакаат да патуваат не мора да одат до меѓуградската автобуска станица, зашто пред Скопскиот Саем сопираат сите автобуси. - Години наназад во маалото живеат заедно Македонци, Албанци, Турци и мал број на Босанци. ЛОШИ СТРАНИ -Најголемиот проблем за жителите на овој дел од градот Скопје претставува тоа што сеуште нема изготвено Детален урбанистички план за Крњево, па затоа граѓаните не се во можност да преземат никакви градежни уредувања врз своите домови. - Најголеми проблеми на овој простор претставува и близината на "Јавната куќа", ако така може да се нарече просторот пред МТВ и МКЦ каде навечер може да се приметат повеќе женски лица кои за пари го нудат своето тело и на тој начин заработуваат.