Корисник:Кристина Попова/ТестМорскоНиво
Мерење
уредиПрецизното одредување на средното морско ниво претставува проблем заради многуте фактори кои влијаат врз морското ниво.(3) Морското ниво е варијабилно неколку скалила во време и растојание. Објаснувањето за варијабилноста е дека морето е во постојано движење заради плимата и осеката, ветерот, атмосферскиот притисок, локалните гравитациски разлики, температурата, степенот на соленост, итн. Најблиску до прецизно мерење може да се дојде преку избирање на одредена точка за која ќе се пресмета средното морско ниво и тоа понатаму да се користи како податок. На пример, упросечените податоци кои би се добиле од набљудување на морското ниво за одредена точка, на секој еден час во период од 19 години, може да биде веродостоен податок.