Конусна смрчка
Конусна смрчка (Morchella conica) е старо биномско име претходно применето на видови габи во семејството Смрчки. Позната кај нас и како островрвна смрчка. Тоа е едно од трите научни имиња кои обично биле користени за опишување на црни смрчки, а другите биле M.angusticeps и M.elata. Првпат била воведена од микологот Кристијан Хендрик Персон во 1818 година, како излишно име за стариот таксон (Morchella continua) . Според Ричард и колегите, санкциите за Фрис се применуваат само на субгенеричко ниво и името е нелегитимно.
Со текот на годините, името на островрвната смрчка (M. conica) секогаш се применувало на многу различни видови од различни автори, а ДНК-анализата во 2014 година открила дека смрчките идентификувани како „Конусна смрчка “ (M. conica) навистина припаѓале на Morchella deliciosa, Morchella purpurascens, Morchella tridentina и Morchella vulgaris.
Опис на видот: Плодното тело на смрчката е составено од шапка и дршка. Шапката е со јајцевиден облик или тапо стожеста; за дршката е прирасната со крајниот дел, од врвот надолу се спуштаат речиси паралелни ребра, а попречните прегради создаваат неправилни дупки, потсетува по изгледот на пчелино саќе. Шапката е висока 3 - 10 см ,2- 5 см широка, овална и тапа при врвот.
Плодното тело може да биде обоено од сивокафеаво до црнокафеава боја, нејзините врвови се секогаш потемни, а јамите посветли. Шапката е поврзана со дршката преку овална мембрана. Дршката е белузлава, валчеста и ,шуплива, висока од 2 до 5 см и дебела до 4 см. И шапката и дршката се шупливи.
Спорите се елиптични а споровиот прав е жолтеникав. Конусната смрчка расте во пролет во април и мај во иглолисни шуми.Јадлива е со многу добар квалитет и не е можна замена со некоја отровна печурка.
Користена литература
уредиГаби / Романо Божац: морфологија систематика токсикологија ISBN 953-0-61500-0 (Загреб) стр.394