Константинов обелиск

Ѕидниот обелиск исто така познат како обелиск на Константин се наоѓа во близина на Змискиот столб на јужниот дел од некогашниот Цариградски хиподром во Истанбул, Турција.

Обелиск на Константин
Карта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција

Обелискот е висок 32 метри. Датата на изградбата на обелискот не е позната, но бидејќи била реновирана во времето на Константин VII, е наречен според императорот. Во тоа време наводно бил украсен со позлатени бронзени плочи на кои биле прикажани победите на Василиј I. Во текот на Четвртата крстоносна војна овие богатства биле украдени.

Во времето на Османлиите, младите јаничари го користеле обелискот искачувајќи се на неговиот врв и покажувајќи ја својата моќ. Во ова време обелискот претрпел оштетувања.

Овој обелиск бил прикажан на задната страна од турската лира од 500 банкноти од 1953 до 1976 година.