Конвенција за долгорочно прекугранично загадување на воздухот
Конвенцијата за долгорочно прекугранично загадување на воздухот има за цел да ја заштити човековата средина од загадување на воздухот и постепено да го намали и спречи загадувањето на воздухот, вклучително и прекуграничното загадување на воздухот. Се спроведува од Европската програма за мониторинг и евалуација, во режија на Економската комисија на Обединетите нации за Европа.
Конвенцијата била отворена за потпишување на 13 ноември 1979 г., а била ратификувана на 16 март 1983 година.
Секретаријат
уредиКонвенцијата, која сега има 51 вклучени држави, го идентификува Извршниот секретар на Економската комисија на Обединетите нации за Европа како секретаријат за конвенцијата.
Конвенцијата е имплементирана од Европската програма за мониторинг и евалуација.[1] Резултатите од нивната програма се објавени на нивната веб-страница на www.emep.int.
Постапка
уредиЦелта на конвенцијата е државите да настојуваат да го ограничат и, колку што е можно, постепено да го намалуваат и спречат загадувањето на воздухот, вклучително и прекуграничното загадување на воздухот. Како и, заедно државите да развиваат политики и стратегии за борба против загадувањето на воздухот преку размена на информации, консултации, истражување и мониторинг.
Државите се состануваат годишно за да ја разгледаат тековната работа и да ги планираат идните активности, вклучително и работен план за следната година.
Моментално, приоритетните активности на конвенцијата вклучуваат преглед и можна ревизија за најновите протоколи, имплементација на конвенцијата и нејзините протоколи низ целиот регион на Економската комисија за Обединетите нации во Европа (со посебен фокус на Источна Европа, Кавказ, Централна Азија и Југоисточна Европа) и споделување неговото знаење и информаците со другите региони во светот.
Протоколи
уредиОд 1979 година, конвенцијата за долгорочно прекугранично загадување на воздухот се занимава со некои од главните еколошки проблеми во регионот преку научна соработка и преговарање за политиките. Конвенцијата е проширена со осум протоколи кои идентификуваат конкретни мерки што треба да ги преземат државите за намалување на нивните емисии на загадувачи во воздухот.
Поврзано
уреди- Светската книга за факти на ЦИА, издание од 2003
Наводи
уреди- ↑ EMEP History and Structure, EMEP website
Надворешни врски
уреди- Конвенција за долгорочно прекугранично загадување на воздухот
- Ратификации, кај депозитарот