Комисија за здравство на Македонија

Комисијата за здравство на Република Македонија е собраноска комисија на Собранието на Република Македонија која има за цел разгледување на предлози за донесување на закони, нацрти на закони, предлози на закони и други општи акти што ги донесува Собранието, за следење на извршувањето на актите на Собранието како и за проучување и претресување на други прашања од неговата надлежност. Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици. Моментален потпретседател (2008) е Оливер Деркоски.

Надлежности

уреди

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • здравствената заштита на населението;
  • здравственото осигурување;
  • заштитата на населението од заразни болести, од штетно влијание на гасовите, јонизирачките зрачења и бучавата, загаденоста на воздухот, водата, земјиштето и животните производи;
  • заштитата од болестите на зависност и од СИДА;
  • хигиенскоепидемиолошката состојба;
  • производството, прометот и снабдувањето со лекови, помошните лековити средства и медицинските помагала, медицинска опрема, санитетски уреди и материјали, отрови и опојни дроги;
  • санитарниот и здравствениот надзор и
  • други прашања што се однесуваат на здравството.

Надворешни врски

уреди

Комисијата за здравство на собраниското мрежно место[мртва врска]