Колаграфија - (латински kolagrafija) е графичка техника со комбиниран карактер, но најчесто - е изведена во длабок печат. Матрицата во колаграфијата се подготвува со лепење на тенки елементи со различни структури[1].

Историја

уреди

Примената на колаграфијата е од понов датум, средината на дваесеттиот век. Во принцип таа е своевидна синтеза на повеќе графички техники - како што се печатењето во длабок и висок печат. Нејзиното појавување се должи и на пронаоѓањето на нови хемиски материјали и содржини со кои се изведува графичката ликовност на колаграфијата: разновидни лепила и материјали со богата лепеза на структури.

Сепак нејзината генеза има далечни асоцијации пред сè во печатењето на тапети или употребата на посебни ваљаци за декорирање и боење на sидовите[2].

Метод

уреди

На плпчата - матрицата (која може да биде изработена од различен материјал: метал, дрво, картон, иверица) се лепат разновидни елементи изработени од различен материјал и со разновидни структури. Кога лепилото ќе се исуши со печатарски ваљак се нанесува бојата. Бојата останува на сите подигнати делови. Печатењето е на преса за длабок печат на графичка влажна хартија.

Клаграфијата може да биде изработена на два начина. Едниот е колаграфија од висок печат - слична на дрворезот - изработката и начинот на печатењето е идентичен како кај дрворезот. Вториот е - колографија како длабок печат - во принцип со овој метод се печати на сличен начин како графиките што се изработуваат во длабок печат.

Колаграфијата е доста слободна и инвентивна графичка техника со одреден колаж систем којшто на графичарот му дава потполна слобода во реализацијата на најразновисни графички идеи [3].

Литература

уреди
  • „Колграфија, светлост од темна основа“ - Доминковиќ Мартина, Љубљана[4]
  • Сликовница без текст во техника - колографија - Инес Мохорич, Љубљана[5]

Наводи

уреди