Когува — село на естонскиот остров Муху.[1] Административно и припаѓа на парохијата Муху, округот Саре. Когува се наоѓа на западниот врв на островот, а малото островче Кинасту се наоѓа на само 2 км северозападно во Морскиот теснец. Во 2000 година, Когува имала 30 жители.[2]

Когува

Когува првпат била спомната во 1532 година од Волтер фон Плетенберг во документ за давање слобода на селанец наречен Ханскен и неговиот син и нивните потомци. Подоцна, потомците на Ханскен се нарекувале со презимето Шмул.[2]

Когува е мало село. Има многу градби стари со векови, кои датираат од феудалното време под шведска власт, а се користат и денес. Северниот брег на Муху, за кој се тврди дека има најчиста вода каде било во Балтичкото Море, е само на кратко растојание. Когува има две големи рурални места за сместување веднаш едно до друго и некои помали.

Писателот Јухан Смул (1922–1971) бил роден во Когува и ја поседувал фармата на неговиот татко таму до неговата смрт. Тој бил потомок на Ханскен, неговото презиме првично било Шмул, но подоцна го поедноставил во Смул. Музејот Јухан Смул бил основан во Когува во 1970-тите и бил претворен во Музеј Муху во 1990-тите.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. "Koguva küla" (in Estonian). eestigiid.ee. Retrieved 7 August 2012.
  2. 2,0 2,1 „Koguva küla“ (естонски). eestigiid.ee. Посетено на 7 August 2012.

Надворешни врски

уреди