Кит Конерс
Кармен Кит Конерс (20 март, 1933 - 5 јули, 2017 година) бил американски психолог, најпознат по воспоставувањето на првите стандарди за дијагноза на нарушувањето на хиперактивноста со дефицит на внимание (АДХД).
Конерс е роден на 20 март 1933 година, во кањонот Бингам, Јута, еден од трите деца на Мајкл Конерс, машински работник, и Мерл Конерс, работничка во стоковен маркет.[1]
Конерс е заслужен од многумина со тоа што го популаризирал АДХД во САД. Во подоцнежните години, тој изразиl загриженост за високите стапки на дијагноза на АДХД во САД во споредба со Европа, и сугерираl дека АДХД можеби се дијагностицира премногу често во САД.[2] Тој верувал дека вистинската стапка на АДХД во детството е 2-3%.[3]
Конерс починал на 5 јули 2017 година во Дурам, Северна Каролина, на 84-годишна возраст.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 BENEDICT CAREY (July 13, 2017). „Keith Conners, Psychologist Who Set Standard for Diagnosing A.D.H.D., Dies at 84 - The New York Times“. Nytimes.com. Посетено на July 17, 2017.
- ↑ Frances, Allen (March 28, 2016). „Keith Conners, Father of ADHD, Regrets Its Current Misuse“.
- ↑ Emmerson, Jeff (July 8, 2017). „A founding father of the ADHD diagnosis wrote his own obituary to warn against current…“. Архивирано од изворникот на 2018-06-27. Посетено на 2023-01-20.