Кирхофови закони за спектроскопија

За други Кирхофови закони видете Кирхофови закони - (појаснување)

Емпириските закони за спектралната анализа формулирани во 1860. и познати како Кирхофови закони за спектроскопија се првобитниот научен метод за определување и анализа на хемиските особини на материи и гасови преку набљудување на обоените прстени од нивниот видлив спектар, тнр. спектрална анализа или спектрохемиска анализа. Овие закони ги сублимираат особините на спектарот на зрачење на разни материи, и се користат, на пример, како метод за определување на хемискиот состав на небесните тела. Тие закони може да се формулираат вака:

  • 1. Топли цврсти и густи гасовити тела продуцираат континуиран спектар
  • 2. Топли гасови со мала густина продуцираат дискретен линиски спектар
  • 3. Изворот на континуиран спектар набљудуван низ ладен гас со ниска густина продуцира апсорптивен дискретен линиски спектар.
Д-р Дејвид Алтер го започнал оптичкото истражување со парче призматично стакло во 1845.

Во почетокот на 20. век, развојот на спектралната анализа довел до „спектроскопијата на атомите“ и потоа до квантната механика.

Наводи

уреди
  • Alter, David. On Certain Physical Properties of Light Produced by the Combustion of Different Metals in an Electric Spark Refracted by a Prism. Am. J. Sci. Arts 18 (1854): pages 55–57.
  • Alter, David. On Certain Physical Properties of the Light of the Electric Spark, Within Certain Gases, as Seen Through a Prism. Am. J. Sci. Arts 19 (1855): pages 213-214.
  • Ann. Sci. Phys. Nat. (1856): page 151.
  • Brace, D. B. (Ed. and translator). The Laws of Radiation and Absorption: Memoirs by Prévost, Stewart, Kirchhoff, and Kirchhoff and Bunsen. New York, NY: American Book Company, 1901, pages 100-125.
  • Johnson, Allen, ed.; Garraty, John and James, Edward, Eds. Dictionary of American Biography; Supplement Four. New York, NY: Charles Scribner’s Sons, 1974, page 230.
  • Kirchhoff, G. R.; Bunsen, R. Ann. Phys. (1860): pages 110, 160.
  • Liebig and Kopp, Jahresber. Chem, (1854): page 118; (1855): page 107.
  • L’Institut, Paris (1855): 156.
  • Retcofsky, H. L. Spectrum Analysis Discoverer, Spectroscopy Society of Pittsburgh, PA 80 (2003): 1003 Архивирано на 27 март 2007 г.