Кетлин Р. Џонсон — американска членка на Гранд Траверс бенд од Отава и Индијанците Чипева, која се занимава со геологија и палеоклиматологија.[1] Нејзиното истражување е насочено кон реконструкција на минатите климатски промени преку спелеотеми. Активно ги следи пештерите за да ја истражи интеракцијата помеѓу климата и геохемијата на спелеотермите, а исто така анализира податоци за климата и палеоклимата за да изучи природната климатска варијабилност. Докторирала на Универзитетот во Калифорнија Беркли во 2004 година и е вонреден професор на Универзитетот во Калифорнија Ирвин.

Образование

уреди

Џонсон докторирала по геологија на Универзитетот во Калифорнија, Беркли кај Лин Инграм во 2004 година.[2] Дипломирала геолошки науки на Универзитетот во Мичиген во 1992 година. Откако докторирала, таа била пост-докторски научен соработник на Универзитетот во Оксфорд од 2004-2007 година со Гери Комер стипендијата за наглите климатски промени.[3][4]

Кариера

уреди

Џонсон се придружила на факултетот на Универзитетот во Калифорнија Ирвин во 2007 година и е вонреден професор на Факултетот за физички науки. Таа ја води лабораторијата Џонсон во Одделот за наука за системот на Земјата, со акцент на палеоклиматските истражувања. Специјализирана е за палеоклима и хидрологија, а нејзиното истражување ја опфаќа историјата на сушите во Калифорнија, азиските монсуни и регионот на северно Мексико.

Џонсон се залага за зголемено учество на индијанските студенти во МИНТ (анг. STEM) области, особено во геонауката, за да се совладаат еколошките предизвици. Таа била главен истражувач и директор на Американскиот индиски летен институт за науката за системот на Земјата, програма за средношколци во Универзитетот во Калифорнија, Ирвин. Програмата, се основала во 2011 година од Џонсон и тимот на Програмата за ресурси на американските Индијанци во УК Ирвин, добила грант од над 1 милион американски долари од Националната научна фондација на САД и траело до 2017 година. Во 2016 година, програмата вклучувала 129 учесници од повеќе од 50 племиња. За време на церемонијата на наградата Бромери во 2016 година, таа изјавила:

„...Американците се најзастапени од сите етнички малцинства во науките за Земјата... иако силно го ценам и го сакам моето палеоклиматско и геохемиско истражување, навистина можам да кажам дека мојата работа со домородните млади ми обезбеди со најмногу радост и надеж за иднината на нашата планета“.[5]

Награди и почести

уреди
  • Извонреден придонес за додипломско образование, Факултет за физички науки, Универзитетот во Калифорнија Ирвин, 2010 и 2012 година[4]
  • Награда на канцеларот за извонредност во поттикнување додипломски истражувања, Универзитетот во Калифорнија Ирвин, 2013 година[4]
  • Геолошкото друштво на Америка, наградата Бромери за малцинства, 2016 година[5]
  • Соработник на Геолошкото друштво на Америка[6]

Наводи

уреди
  1. „Down to Earth With: Cave scientist and paleoclimatologist Kathleen Johnson“. EARTH Magazine (англиски). 2017-02-09. Архивирано од изворникот на 2020-02-13. Посетено на 2020-02-13.
  2. „Down to Earth With: Cave scientist and paleoclimatologist Kathleen Johnson“. EARTH Magazine (англиски). 2017-02-09. Архивирано од изворникот на 2020-02-13. Посетено на 2020-02-13.
  3. „Kathleen R. Johnson | Johnson Lab“. sites.uci.edu. Посетено на 2020-02-13.
  4. 4,0 4,1 4,2 „UC Irvine - Faculty Profile System - Kathleen R. Johnson“. www.faculty.uci.edu. Посетено на 2020-07-13.
  5. 5,0 5,1 „Geological Society of America - 2016 Bromery Award - Kathleen R. Johnson“. www.geosociety.org. Посетено на 2020-02-13.
  6. „GSA Fellowship“. www.geosociety.org. Посетено на 2020-02-13.