Квачење
(Пренасочено од Квачка)
Квачење — дел од размножувачкиот процес кај јајценесните животни во кој од снесеното (положеното) јајце се развива и излегува младенчето по пат на инкубација. Животното што врши вакво дејство се нарекува квачка, а поимот обично се однесува на птици.
Во текот на квачењето, родителите се однесуваат различно: додека некои видови (главно топлокрвните животни) остануваат да ги чуваат и лежат јајцата, други едноставно ги закопуваат и ги напуштаат. Трети пак, остануваат во близина и по излегнувањето им се враќаат на младенчињата. Лежењето на јајцата („квачење“) кај топлокрвните животни обезбедува постојана топлина на зародишот во јајцето која помага во неговиот развој.