Катедрала Свети Бонавентура

Катедралата Света Бонавентура — една од четирите римокатолички катедрали во Босна и Херцеговина. Тоа е седиште на Бањалучката епархија на чело со епископот Фрањо Комарица.

Катедралата Свети Бонавентура

Изграден е во чест на свети Банавентура, средновековен францискански теолог.

Историја

уреди

Еден месец откако дошол во Бања Лука, на 16 јули 1884 година, Маријан Марковиќ го поставил камен-темелникот на првата катедрала на земјиштето дадено од владата во Сараево. Изградбата тогаш чинела 26.000 форинти, а била завршена во 1887 година со помош на бројни донатори, особено траписти од манастирот Марија Звијезда.[1] Паралелно со неа била изградена и епископската палата. Катедралата била тешко оштетена во земјотресот во 1969 година и морало целосно да биде урната.[2]

На местото на старата катедрала во 1973 година била изградена денешната катедрала. Изградбата на камбанаријата се завршила во 1990 година. Конечно бил завршен и темелно реновиран во 2001 година поради претрпената штета за време на војната, а отворена е на прославата на 120 годишнина од основањето на епархијата.

Новата катедрала е изградена во 1972-1973 година во современ стил во форма на шатор, кој потсетува на старозаветниот шатор како место за молитва и жртва на Бога, како и на страдањата на локалните верници кои живееле под шатори долго време по земјотресот.[3]

Наводи

уреди
  1. Fra Marijan MARKOVIĆ, apostolski upravitelj od 1884. do 1912. Архивирано на 22 мај 2013 г. Приступљено 4. септембра 2014
  2. Katedrala svetog Bonaventure Архивирано на 11 октомври 2015 г. Приступљено 4. септембра 2014.
  3. „Архивирана копија“. Архивирано од изворникот на 02. 06. 2012. Посетено на 03. 09. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски

уреди

Матична страница