Касандра (ТВ серија)

Касандра (шпански: Kassandra) (1991-1992) е Венецуелска ТВ новела. Сценариото е напишано од Делија Фиало, а режисери се Грацио Дангело и Олегарио Барера. Главен лик на серијата е Касандра, млада Циганка која се венчава за богат човек. Меѓутоа, таа не сфаќа дека е внука на домаќинот на таа куќа. На првата брачна ноќ, мажот на Касандра, Игнасио, е убиен, а Касандра ја обвинуваат за убиство.

Оваа теленовела имаше 150 епизоди и постигна голем успех ширум светот, а особено во Србија, Македонија, Бугарија, Русија, како и во други држави. Серијата Касандра влезе во Гинисовата книга на рекорди како ТВ серија на шпански јазик што се емитувала во најмногу држави (128). Продукција и дистрибутивна куќа на оваа серија е Coral International, сега познат како RCTV International.


Надворешни врскиУреди