Карпестата уметност во Македонија

Карпестата уметност во Македонија почнала да се создава пред повеќе од 15 000 години. Оваа уметност ја создавале праисториските луѓе кои ја населувале територијата на Македонија пред повеќе милениуми.

Неодамна е откриен 100 000-от карпест гравир на територијата на Република Македонија. Се претпоставува дека на територијата на денешна Македонија има над еден милион карпести гравири. Според Светската федерација за карпеста уметност Македонија е светски водач на полето на истражувањето на карпестата уметност. Според д-р Душко Алексовски, Македонија е резерват на карпеста уметност.

Во непосредна близина на с. Скочивир, Мариово (Моштенски крај) е пронајден Скочивирскиот натпис. Натписот е на средновековен грчки јазик и според почетната инвокација може да се смести помеѓу 14 и 16 век, но со елементи кои го ставаат и во 17-18 век со оглед на ортографијата. [1]

Истражувањата на карпестата уметност во Македонија се битни за правилното дефинирање на културното, историското и јазичното наследство на светската цивилизација.

Надворешни извори

уреди

Македонски национален центар за истражување на камената уметност

  1. Алтипармаков, Зоран; Филиповска Лазаровска, Гордана; Михајловски, Роберт; Калпаковска, Весна (2015). „Приказ на епиграфски споменик - Скочивирски натпис“ (PDF). Зборник на трудови на Н.У. Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола. 18: 180–192. ISBN 978-608-4754-05-3. Посетено на March 30, 2024.