Карлучио
Карлучио е италијански ланец ресторани основан во Лондон во 1999 година.
Вид | Италијански ресторани |
---|---|
Дејност | Услужна дејност |
Основано | 1999 во Лондон, Англија |
Основач | Антонио Карлучи |
Седиште | Лондон, Англија, Обединетото Кралство |
Опслужувани подрачја | Обединетото Кралство, Ирска, Блискиот Исток и САД |
Клучни личности | Марк Џоунс, Генерален директор |
Услуги | Ресторан и продавница за храна |
Сопственик | Група за ресторани Бопаран |
Мреж. место | carluccios.com |
Во 1991 година, Антонио Карлучио и неговата тогашна сопруга отвориле продавница за италијанска храна, наречена Карлучио.[1][2]
Во 1999 година, првото кафуле Карлучио било отворено[2] во Маркет Плејс, Лондон. Синџирот се проширил, првично низ југоисточна Англија, а потоа и низ Обединетото Кралство. Во 2005 година, Кралучио бил наведен на пазарот за алтернативни инвестиции како ПЛЦ. Во 2010 година компанијата добила понуда за преземање од Ландмарк Груп, претпријатие со седиште во Дубаи, проценувајќи го Карлучио на 90 милиони фунти. Трансакцијата била одобрена од акционерите и завршена во октомври 2010 година.[3]
На 20 март 2020 година, по насоките од Владата на Обединетото Кралство за справување со пандемијата КОВИД-19, Карлучио, заедно со сите други барови и ресторани во земјата привремено ги затвориле своите продавници. На 22 мај 2020 година било објавено дека Бопаран ресторан груп го презел брендот на Карлучио и презел 30 од 71 продажни места, а останатите биле затворени.[4][5]
Наводи
уреди- ↑ Allen, Nick (12 September 2008). „Antonio Carluccio, TV chef, stabbed“. Посетено на 20 August 2018.
- ↑ 2,0 2,1 „Beloved Italian chef Antonio Carluccio dies aged 80“. standard.co.uk. 8 November 2017. Посетено на 20 August 2018.
- ↑ Jacobs, Rose (2010-10-04). „Carluccio's bought by Landmark Group“. Financial Times. Посетено на 2017-12-27.
- ↑ „Carluccio's rescue deal results in 1,000 job losses“. BBC News. 22 May 2020. Посетено на 22 May 2020.
- ↑ „Boparan Restaurant Group confirms Carluccio's acquisition“. The Caterer. 22 May 2020.