Карлсплац
Карлсплац — станица на - ВУБ линија-1, ВУБ линија-2, и ВУБ линија-4 на виенското метро. Отворена е во 1978 година[1].
Карлсплац | |
---|---|
U2 platform | |
Општи информации | |
Место | Центарот на градот, Виена Австрија |
Координати | 48°12′03″N 16°22′08″E / 48.2007° СГШ; 16.3689° ИГД |
Историја | |
Отворена | 1978 |
Со 233.000 патници на ден (заклучно со 2011 година), подземната станица Карлсплац е една од најпопуларните во Виена. Со изградбата на подземната станица Карлсплац, формиран е и контролен центар, потребен за следење на работата на метрото. Постојаното проширување на трасата на мрежата и новите задачи за набудување, го довле контролниот центар Карлсплац до границите на неговите максимални можности. Од 2006 година, ова било преселено и со изградба на нова зграда на метрото, станица во Ердберг[2].
-
У1 платформа
-
У2 платформа
-
У4 платформа
Историја
уредиСтаницата Карлсплац (на германски: Alte Stadtbahnstation Karlsplatz) порано била станица на железничката пруга во центарот на Виена. Зградите над нивото на Карлсплац се позната архитектурата во стилот „Југендстил“. Тие биле создадени од архитектот Ото Вагнер, кој бил главен консултант на Виенската транспортна комисија, за разлика од другите градски железнички станици, таа била направени од челична конструкција и мермерни плочи во внатрешноста.
Станицата била отворена за употреба во 1899 година. Откако делови од градската железница биле претворени во метро, било решено да се урнат двете згради, но подоцна биле заувани. Деловите од станицата биле демонтирани, санирани и повторно поставени на два метри повисоко. Денес едната од зградите се користи за изложби како дел од музејот на Виена со влез во метрото, а другиот се користи за кафеана[3].
Уметност
уредиВо станицата работеле и свои дела оставиле познатите уметници[4]:
- „Пи“ од Кен Лум.
- Повторно инсталирање на Питер Коглер
- „Дует на коли“ од Ернст Фридрих и Елеонор Фридрих