Калкулус на согласноста: Логички основи на конституционалната демократија

Калкулус на согласноста: Логички основи на конституционалната демократија (англиски: The Calculus of Consent: Logical Foundations of Constitutional Democracy) - книга на американските економисти и политички теоретичари Џејмс Бјукенен и Гордон Тулок, првобитно објавена во 1962 година.

Содржина

уреди

Книгата се состои од следниве делови:[1]

  • Прв дел: Концептуална рамка (The Conceptual Framework)
  • 1. Вовед (Introduction)
  • 2. Индивидуалистички постулат (The Individualistic Postulate)
  • 3. Врската меѓу политиката и економијата (Politics and the Economic Nexus)
  • 4. Поединечната рационалност во општествениот избор (Individual Rationality in Social Choice)
  • Втор дел. Опфатот на општетсвениот избор (The Realm of Social Choice)
  • 5. Организацијата на човековата активност (The Organization of Human Activity)
  • 6. Воопштена економска теорија на конституциите (A Generalized Economic Theory of Constitutions)
  • 7. Правилото на едногласност (The Rule of Unanimity)
  • 8. Трошоците на одлучувањето (The Costs of Decision-Making)
  • Трет дел. Анализа на правилата на одлучувањето (Analyses of Decision-Making Rules)
  • 9. Структурата на моделите (The Structure of the Models)
  • 10. Гласање со просто мнозинство (Simple Majority Voting)
  • 11. Гласањето со просто мнозинство и теоријата на игрите (Simple Majority Voting and The Theory of Games)
  • 12. Правилото на мнозинство, теоријата на игрите Паретовата оптималност (Majority Rule, Game Theory, and Pareto Optimality)
  • 13. Паретовата оптималност, надворешните трошоци и распределбата на доходот (Pareto Optimality, External Costs, and Income Redistribution)
  • 14. Обемот и опфатот на колективната акција (The Range and Extent of Collective Action)
  • 15. Правилата на гласање со квалификувано мнозинство, политичкото претставување и меѓузависноста на конституционалните променливи (Qualified Majority Voting Rules, Representation, and the Interdependence of Constitutional Variables)
  • 16. Дводомната законодавна власт (The Bicameral Legislature)
  • 17. Ортодоксниот модел на мнозинското правило (The Orthodox Model of Majority Rule)
  • Четврти дел. Економијата и етиката на демократијата (The Economics and the Ethics of Democracy)
  • 18. Демократската етика и економската ефикасност (Democratic Ethics and Economic Efficiency)
  • 19. Групите за притисок, специјалните интереси и конституцијата (Pressure Groups, Special Interests, and the Constitution)
  • 20. Политиката на доброто општество (The Politics of the Good Society)
  • Прилог 1 Записи на маргините за тоа како да се чита политичката философија (
  • Прилог 2 Теоретски претходници

Осврт кон делото

уреди

Денес, „Калкулус на согласноста“ се смета за клучно дело во теоријата на јавниот избор. Меѓутоа, уште при појавувањето на книгата, таа била оценета поволно. Така, списанието Journal of International Affairs ја оценило книгата како „стимулативен, оригинален придонес кон теоријата на демократското однесување“; според познатото списание Journal of Political Economy, таа е „брилјантен и значаен придонес кон литературата што ја разработува анализата на политичките процеси со методите од економијата“; слично, во рецензијата објавена во списанието Ethics се вели дека книгата е „необичен, оригинален и просветлувачки обид за примена на претпоставките и методите на економијата во политичките одлуки; списанието Midwest Journal of Political Sciences ја оценило книгата како „важен додаток кон малата полица со понови книги кои ја пресоздаваат областа на политичката теорија“; а списанието The Australian Quarterly ја смета книгата за „значајно дело во историјата на политичката мисла“.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 James M. Buchanan and Gordon Tullock, The Calculus of Consent: Logical Foundations of Constitutional Democracy. The University of Michigan Press, 1962.