Истражување во психологијата
Истражување во психологијата претставува користење на соодветни научни методи, што психолозите ги користат за разбирање и анализирање на човековите особини и однесување. Истражувањата можат да бидат применети и теоретски.
Методологија
уредиМетодите што психолозите ги користат за спроведување на истражувањата, може да бидат категоризирани според видот на податоци што се прибираат: квалитативни методи на истражување и квантитативни методи на истражување.
Психологијата има тенденција да биде еклектична, односно да применува знаења од другите области, така дел од научната методологија што ја користи се применува пошироко во другите науки, особено во општествените и бихејвиоралните науки.
Експериментални методи
уредиВо психологијата најчесто се користи експериментот како научен метод. Истражувачите ги спроведуваат ескериментите преку што тестира одредена хипотеза.
Методот на експериментирање вклучува експериментатор кој манупулира со нивоата на независната променлива (НВ), со чие варирање се очекуваат некакви промени во зависната променлива (ЗВ), која се мери. Други променливи кои се сретнуваат во експерименталниот метод се релевантните променливи (РВ), тие претставуваат потенцијални независни променливи, нивното влијание може да биде контролирано или може да бидат внесени како додатни независни променливи.
Изненадувачките променливи се надворешни променливи кои не се земаат предвид кога се спроведува експериментот. Бидејќи тие не се контролираат, може да придонесат до носење на погрешни заклучоци. За оваа причина, многу експерименти во психологијата се спроведуваат во лабораториски услови каде што се обозбедува поголема контрола.
Квазиекспериментите се оние кои истражувачот ги поставува во контролирана средина, но нема контрола врз независната променлива. Од друга страна, во теренски експеримени, експериментаторот ја контролира и варира независната променлива, но нема контрола врз околината каде експериментот се одвива. Експериментаторот понекогаш применува помалку контрола, како начин да се намалат потенцијалните пристрасности. Во вистински експеримент, учесниците се случајно избрани за да се отстрани биасираноста (пристрасноста).
Методи на набљудување
уредиМетодите на набљудување вклучуваат истражувач кој го опсeрвира однесувањето на испитаниците.
Постојат повеќе видови методи на набљудување: набљудување со учество, набљудување без учество и учтиво незабележување.
Дескриптивни методи
уредиДескриптивните методи се однесуваат на опишување на една варијалба, тие многу често можат да и' претходат на одредено експеримантлно или корелациско истажување со цел да се добијат повеќе информации за поврзаноста помеѓу појавите што подоцна треба да се истражуваат. [1]
Студии на случај
уредиПсихометриски методи
уредиАрхивски методи
уредиКрос-секвенционални методи
уредиЛонгитудинални методи
уредиКрос-културни методи
уредиНаводи
уреди- ↑ Shields, Patricia and HassanTajalli. 2006. Intermediate Theory: The Missing Link in Successful Student Scholarship. Journal of Public Affairs Education. Vol. 12, No. 3. Pp. 313-334. http://ecommons.txstate.edu/polsfacp/39/ Архивирано на 24 февруари 2021 г.