Историски округ Мамут Хот Спрингс

Историскиот округ Мамут Хот Спрингс е историска област во националниот парк Јелоустоун од 64 хектари, што го претставува административниот центар на паркот. Овој дел се состои од два главни дела: Форт Јелоустоун, воениот административен центар помеѓу 1886 и 1918 година, а сега Национално историско обележје и регион под концесии кој обезбедува храна, услуги, сместување за посетителите и вработените во паркот. Додадено е во Националниот регистар на историски места на 20 март 2002 година, поради неговото големо значење во архитектурата,забавата,рекреацијата и војската. Областа вклучува 189 градби.

Поглед кон Мамут Хот Спринг

Опис

уреди

Форт Јелоустоун е област со значително наредени згради кои укажуваат на нивното воено потекло. Армијата на САД управувала со паркот од 1886 до 1918 година кога администрацијата била префрлена на Службата за национални паркови.[1] Седиштето на паркотсега се наоѓа во оригиналната коњаничка касарна (изградена во 1909 година). Центарот за посетители Хорас Олбрајт се наоѓа во старите згради за офицери ергени (изградени во 1909 година).[2]

Концесионираната област е сосема спротивна од воениот округ, со помалку формален стил и ги вклучува хотелот и трпезаријата Мамут Хот Спрингс, бензинска пумпа и продавници за малопродажба. Главната пошта во Јелоустоун, се наоѓа северно од Форт Јелоустоун. Станбената област вклучува и куќи дизајнирани од архитектот Роберт Ример.[3]

Оваа област се наоѓа во непосредна близина на термалната област Мамут Хот Спрингс, а изградена е на античка травертинска тераса.

Наводи

уреди
  1. Hampton, H. Duane (1972). „The Early Years in Yellowstone: 1882-1886“. How the U.S. Cavalry Saved Our National Parks. Bloomington, IN: Indiana University Press. стр. 53–80. ISBN 025313885X.
  2. Kiki Leigh Rydell; Mary Shivers Culpin (2006). „Appendices-A-Government-Built Buildings Constructed in Yellowstone National Park 1879–1973“. Managing the Matchless Wonders-History of Administrative Development in Yellowstone National Park, 1872-1965 YCR-CR-2006-03. National Park Service, Yellowstone Center for Resources. стр. 161–174.
  3. „Mammoth Hot Springs Historic District“. National Register of Historic Places. Wyoming State Preservation Office. 2008-10-01. Архивирано од изворникот на 2011-06-15. Посетено на 2023-11-27.

Надворешни врски

уреди