Испробување во црна кутија
Предлошка:Black-boxBlack-box тестирање е метод за тестирање на софтвер кој ја испитува функционалноста на апликацијата без да гледа во нејзините внатрешни структури или работење. Овој метод на тестирање може да се примени буквално на секое ниво на софтверско тестирање: unit, integration, system и acceptance. Понекогаш се нарекува тестирање засновано врз спецификации.[1]
Процедури за тестирање
уредиСпецифично познавање на кодот на апликацијата, внатрешната структура и знаењето за програмирање воопшто не е потребно.[2] Тестерот е свесен за тоа што треба да прави софтверот, но не е свесен како го прави тоа. На пример, тестерот е свесен дека одреден влез враќа одреден, непроменлив излез, но не е свесен за тоа како софтверот произведува излез пред се.[3]
Тест случаи
уредиТест случаите се изградени околу спецификациите и барањата, т.е. она што апликацијата треба да го стори. Тест случаите генерално произлегуваат од надворешни описи на софтверот, вклучувајќи ги спецификациите, барањата и параметрите за дизајн. Иако користените тестови се примарно функционални по природа, може да се користат и нефункционални тестови. Дизајнерот на тестот избира и валидни и невалидни влезови и го одредува точниот излез, често со помош на test oracle или претходен резултат за кој се знае дека е добар, без никакво знаење за внатрешната структура на тест-објектот.
Техники за дизајн на тест
уредиТипични техники за black-box тестирање вклучуваат:[4]
- Тестирање на одлуката
- Тестирање на сите парови
- Поделба на еквивалентност
- Анализа на гранична вредност
- График на причини-последици
- Грешка во проценка
- Тестирање на трнзиција на состојба
- Use case тестирање
- Тестирање на приказната за корисникот
- Анализа на домен
- Тестирање на синтаксата
- Комбинирање на техника
Хакирање
уредиПри тестирање на пенетрација, black-box тестирањето се однесува на метод каде етички хакер нема знаење за системот кој е нападнат. Целта на тестот за пенетрација во black-box е да симулира надворешен напад со хакерство или сајбер војна.
Поврзано
уреди- ABX тест
- Тестирање на прифатливост
- Слепи експерименти
- Тестирање на граници
- Gray box тестирање
- Проект Metasploit
- Тестирање на разумност
- Тестирање на чад
- Тестирање на перформансите на софтверот
- Испробување на програмска опрема
- Стрес тст
- Тест автоматизација
- Unit тестирање
- Безбедносен скенер за семрежни прилози
- Хакер со бела капа
- White-box тестирање
Наводи
уреди- ↑ Jerry Gao; H.-S. J. Tsao; Ye Wu (2003). Testing and Quality Assurance for Component-based Software. Artech House. стр. 170–. ISBN 978-1-58053-735-3.
- ↑ Milind G. Limaye (2009). Software Testing. Tata McGraw-Hill Education. стр. 216. ISBN 978-0-07-013990-9.
- ↑ Patton, Ron (2005). Software Testing (2. изд.). Indianapolis: Sams Publishing. ISBN 978-0672327988.
- ↑ Forgács, István; Kovács, Attila (2019). Practical Test Design: Selection of Traditional and Automated Test Design Techniques. ISBN 1780174721.
Надворешни врски
уреди- БЦС СИГИСТ (Специјалистичка група за компјутерско општество во Интернет, за испробување на програмска опрема): Стандард за тестирање на компонентите на софтверот Архивирано на 26 февруари 2021 г., работен нацрт 3.4, 27. Април 2001 година.