Ирена Јурчева (1982) е македонски поет, писател и преведувач.

Заднина

уреди

Јурчева е родена во Белград во 1982 година. Студиите ги завршила на Филолошки факултет во Скопје, Катедра за преведување и толкување. Во 2017 година се стекнува со звање Магистер со тезата "Културолошко преведување на 'Силмарилион' од Џ. Р. Р. Толкин како предизвик за преведувачот". Покрај својата преведувачка работа, Јурчева работела како наставничка по англиски и француски јазик во Скопје. Зад себе има оставено повеќе од петнаесет преводи. Својата поезија ја има објавено во неколку книжевни списанија. Има добиено признанија за својата работа:"Литературни искри", меѓународен поетски фестивал во Гостивар во 2017 и наградата за дебитантски ракопис "Новите!" од книгоиздавачката куќа Темплум во 2019. Има гостувано на поетски фестивали и читања и организирано работилници за креативно пишување.[1]

Библиографија

уреди
  • "Таинствена" (2017), поетска книга
  • "Белата е најстрашна боја" (2019), збирка раскази
  • "Разнишан свет" (2021), збирка раскази

Наводи

уреди
  1. „Јурчева: Во денешното време на неизвесност, најнеизвесни сме за самите себе“. Радио Слободна Европа.