Интермедијари
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Од економски аспект интермедијарите се добра кои посредуваат во производството на еден производ. Односно добра коишто својата финална валоризација на пазарот не ја доживуваат во првобитната форма.
Односно, да замислиме една економија која функционира само со две претпријатија, при што претпријатието А произведува млеко, а претпријатието Б произведува сирење. Во 2006 претпријатието А произвело млеко во износ од 200$ и истото му го продало на претпријатието Б. Од ова млеко претпријатието Б произвело сирење во вредност од 400$.
Ако сакаме да го утврдиме вкупното производство во економијата:
- Млеко 200$
- Сирење 400$
На прв поглед изгледа дека вкупното производство е 600$, но тоа не е точно пресметано поради фактот што во 400$ вредност на сирењето е содржана вредноста од 200$ на млекото. Во овој случај млекото е интермедијар.
Ако во 2007 претпријатието А произвело млеко во вредност од 1.000$, а претпријатието Б произвело сирење во износ од 1.000$ а откупило млеко во износ од 500$. Во овој случај вкупното производство е 1.500$. Во овој случај млекото во износ од 500$ се однесува како интермедијар односно преминува во понатамошна обработка во сирење и добива вредност од 1.000$ како што и ја доживува својата пазарна валоризација, додека пак останатите 500$ од млекото се валоризираат без преработка. Оттука, 1.000$ сирење и 500$ непреработено млеко = 1.500$.