Интерквартилна разлика
Интерквартилната разлика,(англиски: interquartile range) како апсолутна мерка на дисперзија ја претставува разликата помеѓу третиот и првиот квартил, односно ја мери распрсканоста на 50% од вкупните податоци. Според тоа,
- Q3 е сместен во 0,75(n+1) –тата позиција;
- Q1 е сместен во 0,25(n+1) –тата позиција; каде што податоците и во двата квартила се во растечки редослед.
Оваа мерка, при својата пресметка го исклучува влијанието на 25% од податоците со најниски вредности и 25% од податоците со највисоки вредности.
|————————————|————————————|————————————|———————————| Xmin Q1 Q2=Me Q3 Xmax
Xmin – најмалата вредност во статистичката серија.
Квартили се вредности коишто ја делат статистичката серија на четири еднакви делови.
Првиот квартил (Q1) ја претставува првата четвртина на подредената статистичка серија и уште се нарекува подмедијална вредност, бидејќи неговата вредност е помала од медијаната. Се пресметува според следнава формула:
L1 – долна граница на интервалот;
N – број на членови во серијата;
Σfi – збир на честотите во интервалот пред првиот квартил;
f Q1 – честота на интервалот во првиот квартил;
i – ширина на интервалот на првиот квартил.
Вториот квартил (Q2) ја дели серијата на два еднакви дела и се наоѓа на истата позиција како медијаната, т.е Q2 = Me
Q3 е третата четвртина од подредената статистичка серија. Оваа вредност е поголема од медијаната, па затоа се нарекува уште и надмедијална вредност. Формулата за одредување на третиот квартил е:
каде што:
L1 = долна граница на интервалот во третиот квартил;
N = број на членови во серијата;
Σfi = збир на честоти во интервалот пред третиот квартил;
fме = честота на интервалот во третиот квартил;
i = ширина на интервалот на третиот квартил.
Xmax – најголемата вредност во статистичката серија.
- за пресметување на интерквартилна разлика во затворен интервал;
пример:Направена е анкета за должината на телефонските разговори на едно семејство. Податоците се прикажани во дадената табела:
Должина на телефонски разговори (мин) (х) | Број на разговори (f) | Кумулирани честоти (fi) |
---|---|---|
3 | 9 | 9 |
5 | 16 | 25 => Q1clen => Meclen |
7 | 6 | 31 |
9 | 10 | 41 => Q3clen |
10 | 7 | 48 |
/ | 48 | / |
=> Q1 = 5
=> Me = 5
=> Q3 = 9
- за пресметување на интерквартилна разлика во отворен интервал;
пример: Во следната табела дадени се податоци за бројот на изработени производи по работник.
Број на изработени производи (x) | Број на работници (f) | Кумулирани честоти (fi) |
---|---|---|
1-5 | 3 | 3 |
6-10 | 7 | 10 => Q1clen |
11-15 | 6 | 16 |
16-20 | 12 | 28 => Meclen |
21-25 | 10 | 38 => Q3clen |
/ | 38 | / |
Наводи
уреди- Статистика за бизнис и економија – Д-р Славе Ристески, Д-р Драган Тевдовски; четврто издание; Скопје 2010
- Статистика за бизнис и економија - Пол Њуболд, Вилијам Л.Карлсон, Бети Торн; 2010
- Основи на статистичка анализа - д-р Дубравка Павличиќ, проф. д-р Р.Његиќ, проф. д-р М.Жижиќ; Економски факултет, Белград