Интелектуален развој
Почетоци на интелигенцијата
уредиОваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Иако Бине го направил првиот развоен тест за интелигенција, тој речиси воопшто не се занимавал со проучување на развојот на интелигенцијата. Меѓутоа, неговата скала сепак е заснована на некои претпоставки за тој развој, како што се оние за почетокот на интелигенцијата, за брзиот интелектуален развој]], природата на преобразбата на интелигенцијата во текот на нејзиниот развој, добата на завршувањето на интелктуалниот развој, за детерминантите на таквиот развој. Од настанокот на Бине-Симоновата скала до денес развојната психологија на интелигенцијата имала мошне брз равој. Нема ни потреба ни можности овде да се дава каков било приказ на сите тие достигнувања и познавања на интелектуалниот развој. Проблемот почеток на интелигенцијата, то есть раните облици на однесување кои можат да се сметаат за први исполнувања на оние функции кои ги нарекуваме интелигенција, останува и денес во голема мера отворен. При решавањето на тој проблем се постапило на два начина. Првиот се состои во тоа да се испита секое однесување на детето во раниот развој и потоа статистички да се провери кој од тие облици на рано однесување е поврзан за она што во подоцнежниот развој го нарекуваме интелигенција. На тој начин можат да се откријат неспецифичните развојни претходници на интелигенцијата. Другата метода се состои во тоа да се, поаѓајќи од теоретските знаења за природата на интелигенцијата, во репертоарот на мало дете да се побараат специфични исполнувања на интелигентни однесувања и потоа да се следи нивната понатамошна судбина. Може да се каже дека првиот чекор во потрагата по почетокот на интелигенцијата го направил самиот Бине. Неговата скала од 1905 година содржи тестови кои би требало да ги опфатат најелементарните манифестации на интелигенција. Скалите на психомоторен развој само го продолжиле таквиот тек на идејата и денес веќе имаме доста проширени знаења за вредностите на таквите обиди. Првиот, и речиси единствениот заклучок на таквите испитувања е дека успехот на скалата на психомоторен развој во првите години не е во корелација, или е пак, во негативна корелација со подоцнежниот успех на менталните тестови. Општ заклучок од ова испитување е дека големината на коефициентот на корелација помеѓу тестирањата на млади и стари возрасти е функција на интервали и возрасти помеѓу двете испитувања: најстабилни се коефициентите на корелација добиени од луѓе со поголема возраст, а најголеми се оние помеѓу две соседни возрасти. Од берклиските проучувања на развојот може да се добие и заклучокот дека помеѓу соседните возрасти постои значително висока корелација, што би укажувало на тоа дека функциите кои се испитуваат на соседните возрасти се сродни по природа. Тоа би значело дека развојот може да се сфати како сукцесија на функциите кои делумно се поклопуваат и кои постануваат се посложени доколку се приближуваат до зрелоста.
Преобразба на интелигенцијата
уредиВеќе при објаснувањето на пробелмот на почетоците на интелигенцијата се соочивме со проблемот на развојот на интелигенцијата. Тој проблем сега може да се формулира како проблем на природата на развојните промени на интелектуалното однесување во текот на возраста. Проблемот е, како да се сфати и изучи процесот на преобразба на функциите кои ги нарекуваме интелигенција, и тоа од првите, не баш јасни изразувања па до постигнувањето на интелектуална зрелост. Тој проблем во развојната психологија често се поставува како проблем на издвојување на развојните фази чии општи структурални одлики треба јасно да се опишат. Но сепак, на проблемот треба да му се пристапи динамички: не е доволно да се опишат одделните фази туку и процесот на преминување од една во друга фаза. Формулиран пак, во вид на најопшт епистемолошки проблем тој изгледа вака: како поимен процес на развојот на интелигенцијата како една иста функција која во одделни развојни периоди има различно манифестирање. Додека, тоа е основна апорија на развојната психологија воопшто, па и на развојната психологија на интелигенцијата. Тој проблем може најјасно да се формулира во областа на конструкциските развојни тестови, како што е и Бине-Симоновата скала, каде тој мошне одредено се изразува. Имено, неможно е со исти тестови да се испитува интелигенцијата на сите возрасти. Оние кои вршеле надолжни испитувања на интелектуалниот развој морале во најбуквална смисла постепено да применуваат различни тестови, на пример: психомоторни скали, па Бине-Симоновата скала, па групни тестови за возрасни. Причината е многу едноставна: тестовите кои на младите имаат дијагностичка вредност стануваат недискриминативни на постарите лица кога сите, или речиси сите испитаници ги совладуваат функциите кои се испитуваат во тие тестови. Оттука, интелигенцијата го менува обликот и областа на изразување и треба повторно да се пронајдат подрачјата во кои сега се наоѓа тежиштето на нејзиното делување. Истиот тој проблем се испитува и во рамките на еден ист развоен тест како што е Бине-Симоновата скала: како да се одберат тестовите кои ќе ја одредат интелигенцијата, на пример, во четвртата година а како тестовите за 14 години, нужно различни од оние од четвртата година а сепак да испитуваат иста функција. Со други зборови, ако се следи од поглед на предмети со кои се движи „првото будење“ на интелигенцијата или ако појавата на намерите и разликувањето на средствата и целите претставува „раѓањето на интелигенцијата“, тогаш е потребно да се знае какви се сите понатамошни постепени манифестации на та иста интелигенција. А тоа значи дека треба да се познаваат статистичките врски и психолошките сродности помеѓу манифестациите на интелигенцијата во поодделните развојни периоди. Кога денес психолозите се соочуваат со вака поставениот проблем, прво што воочуваат е тоа дека психологијата е и денес прилично далеку од решението. Најзначаен обид за решавање на сложениот проблем на преобразба на интелигенцијата е современата теорија на стадиуми. Теоријата на стадиуми претставува, всушност, обид да се опишат нужните патишта на развој на интелигенцијата. Основно пак, во тој опис е разликување на квалитативно различните развојни фази кои нужно следат една по друга, а секоја има особено општи и структурални својства и законитости на функционирање. Нужен редослед на интелектуалните достигнувања и одделните фази на ментална организација, неправолинискиот развој и извесниот дисконтинуитет, постапното образование на се посложените структури и наложување на механизмите на преод од една на друга структура – тоа се основните одлики на теоријата на стадиуми како обид за решавање на проблемот на преобразба на интелигенцијата.повеќе
Брзина на интелектуалниот развој и завршеток на развојот
уредиПри изработката на своја скала Бине тргнал од баналното сознание дека со зголемувањето на возраста се зголемува и интелектуалната моќ. Меѓутоа, останало отворено, и за него а и денес, со која брзина се одвива зголемувањето на интелектуалната сила. Дали порастот е линеарен или постојат периоди на убрзување? Треба да се знае дека во текот на изработката на тестови за испитување на развојот на интелигенцијата како што е Бине-Симоновата скала има подесување така што за една календарска година менталната возраст се зголемува за една ментална година. Со други зборови, во самиот тест се вградува линеарност на брзината. На целата сложеност на проблемот на брзината на развој во една област каде постојат апсолутни мерни единици, како што е областа на физичкиот развој на детето, укажува и Танер во една извонредна анализа. Затоа што физичкиот развој, (висина, тежина итн.) може да се мери со апсолутни мерни единици, можно е да се утврдат вистинските природни линии на развој. Меѓутоа во таквиот случај постојат многу замки кои истражувачот мора да ги избегне. На пример, и таму се поставува проблемот на општа брзина на телесниот развој и посебни брзини. Исто така јасно е утврдено и дека изработката на групни графички линии на развој на основа на методот на напречен пресек ја замаглува правата слика за брзината на развојот и тоа дека се многу блиски во стварноста кривите линии на поединечниот развој. Доста се разликуваат графиците на одделни нивоа Архивирано на 7 февруари 2009 г. (на пример, на високи и ниски личности).
Детерминанти на интелектуалниот развој
уредиСо помош на својата скала Бине сакал да мери нешто што се разликува од актуелните училишни достигнувања на децата, нешто што е стабилно, пд што се раѓаат училишните знаења. Меѓутоа, веќе првото практично искуство покажувало дека успехот на скалата е одреден во општокултурните и училишни отисоци. Па така, од настанокот на скалата до денес, сè уште трае обидот да се оддели уделот на „природната“ интелигенција и училишните и другите културни детерминанти, како и уделот на наследните и срединските фактори. После Бине имало многу осцилации во поглед на сфаќањата за тоа кои од тие фактори се одлучувачки за развој на интелигенцијата: имало времиња кога сериозно биле доведени во прашање наследните и срединските влијанија, односно кога се земени предвид како исклучително значајни те едните, те другите. Се чини дека во последниве години има повторно бран на нативистички гледишта. Приврзаниците на ваквото гледиште даваат заокружена бројка од 80% во корист на наследните фактори, како објаснување за поединечните разлики во поглед на интелигенцијата. При испитувањето на лица со различен степен на сродство, освен новите варијанти на нативистичките ставови, поткрепени се и релативно неуспешните обиди за планско „подигање на умствениот количник“. Станува збор за многубројни обиди во текот на шеесеттите години да се направи посебно замислена експериментална програма за подобрување на училишниот успех и резултатите на тестовите за интелигенција на децата од друштвено и културно неповолни средини во Америка. Започнати со многу оптимизам, овие испитувања не ги оправдале очекувањата, а според построгите критичари претрпеле и неуспех. Останува сепак, впечатокот дека нативистичкото гледиште почива на цврсти заклучоци. Меѓутоа, тежината на таквите заклучоци е толку голема а можните друштвени последици толку значајни што најверојатно треба да се вложат напори најрационално да се проверат таквите тврдења. Најнапред, за теориските пресметки на корелацијата кои се многу очувани кај разните степени на роднинските врски. За таквите пресметки потребно е добро да се познава природата на особините чија наследност се изучува во општиот механизам за потомство. Што се однесува до природата на интелигенцијата, неминовно е, и за психолозите-нативисти, како и за другите, да се проблемите такви какви што се: дали постои општа интелигенција или не; дали можеби постојат повеќе интелектуални фактори, какви примарни ментални состојби постојат итн. – значајни и при изучувањето на детерминантите на развојот повеќе така што прилично е веројатно поинаку да се поставува прашањето за наследувањето на одделните видови способности. Меѓутоа некои нативисти велат дека нив не ги интересира природата на особините кои стојат зад, на примет, умствениот количник и дека тие едноставно настојуваат да утврдат во колкава мера е таа особина, каква и да е, одредена со наследувањето. Секако, ваквото гледиште не е логички точно затоа што за различни видови особини важат различни механизми за наследување: моногенско наследување, доминантно наследување, наследување врзано со полот, разни итпови полигенско наследување итн. Очигледно е на пример, при наследувањето на линиите на прстите, што е исто така полигенска особина но се формира дефинитивно во раната фетално доба, дејствува поинаков механизам на наследување отколку при наследувањето на интелигенцијата, каде постои постојана интеракција на наследните и срединските фактори во сите развојни фази. Всушност, занемарувањето на интеракцијата меѓу факторите претставува основна слабост на сите досега предложени „теориски модели“ за наследување на интелигенцијата. Воглавно, нативистите се служат со моделот на Берт. Тој, поаѓајќи од некои основни поставки на квантитативната генетика, развива мултифакторна теорија за наследување на интелигенцијата. Основно во таа теорија е дека во одредувањето на интелигенцијата учествуваат голем број на гени чие дејство е слично, кумулативно или мало. Она што е мошне веројатно во таквата замисла за механизмите на наследување на интелигенцијата е дека: а) гените кои учествуваат во одредувањето на интелигенцијата делуваат адитивно; б) ефектите од одделните средински фактори се од адитивна природа; в) ефектите на наследување и средината се исто така адитивни и не можат да се одделат. Земајќи предвид уште некои фактори на наследување, Берт дошол до формула која овозможува проценување на значењата на одделните извори на варијации. Таа постапка за проценување не е ништо друго туку анализа на варијантите, т.е. расчленување на вкупните варијанти на популацијата на одделен извор. Постојат некои поставки во теоријата што ја развил Берт кои се сè уште недокажани а многу основни меѓу нив се дури и неверојатни. Основниот недостаток на таа теорија е тоа што таа ја претпоставува адитивноста и наследните и средиснките фактори и адитивноста на нивните взаемни односи. Останува на генетичарите да кажат дали е веројатно одделни гени кои учествуваат во одредувањето на интелигенцијата можат да делуваат адитивно. Меѓутоа кога станува збор за срединските и за заемните односи помеѓу срединските и наследните фактори, тогаш таквата претпоставка е крајно неверојатна. Сепак, останува на тоа дека творец на најкористениот модел е самиот Берт, кој од почетокот на својата кариера е убеден нативист и дека и самиот негов модел има нативистички „зачин“ затоа што Берт веќе располагал со свои емпириски претпоставки.
Ментална возраст
уредиОсвен останатите новини кои ги донела со севе, Бине-Симоновата скала го вовела и новито принцип на мерење на интелигенцијата. Имено, Голтон уште пред Бине го формулирал првиот принцип на мерење на поединечните разлики во поглед на менталните особини. Голтоновиот принцип се состои во тоа што ја одредува релативната положба на поединецот во групата во која тој припаѓа. И денес се практикува при тестирање на возрасни: нормите покажуваат каква релативна положба зазема поединецот во споредба со групата на која е извршена стандардизацијата. Бине вовел поинаков принцип на проценување на интелигенцијата: со помош на развојни степени. За разлика од Голтоновиот принцип, овде интелигенцијата на поединците се одредува на тој начин што се утврдува до кој аразвојна скала стигнал тој поединец во својот развој. Таквите скали, баш како нормите при одредувањето на релативната положба на поединецот, се востановуваат емпириски, т.е. во текот на постигнување на претставителниот примерок на деца од сите испитани возрасти. И таквото просечно постигнување, карактеристично за одделните календарски возрасти, се појавува како единица мерка според Бинеовиот принцип. Тоа е, всушност, она што го нарекуваме ментална возраст, со чија помош се искажува степенот на развој на детската интелигенција. Поимот на ментална возраст бил вграден во Бинеовата скала во 1903 година, иако Бине не го употребувал изразот „ментална возраст“. Потоа Штерн предложил воведување на однос помеѓу менталната и календарската возраст за да се добие мерка независна од возраста на која се наоѓа детето. Така е воведен умствениот количник (IQ), таа толку користена мерка во психолошките тестирана.
Бине-Симоновата скала и менталната заостанатост
уредиБине-Симоновата скала настанала со непосредната потреба да се најде објективен метод за разликување на нормалните и ментално заостанатите деца. А самата скала, во текот на седумдсетгодишното постоење подоцна се докажала како најпрецизно средство баш при решавањето на тој значаен практичен проблем. Во основа, Бинеовото разликување на ментално заостанатите деца се засновува на квалитативните особености на тие деца во споредба со нормалните деца. Кваниттативната проценка се вршела со помош на неговата тогашна верзиа на скалата и се состоела во одредување на менталната возраст до која одделна карегорија на ментално заостанати лица може да се развие. Така Бине ја дал следната граница: идиот – до ниво на нормално двегодишно дете, имбецил – до ниво помеѓу 2 и 7 години и дебил до ниво помеѓу 7 и 11 години. Бине чувствувал потреба за точна дијагноза на менталната заостантост кај децата кои сè уште се во развој, покрај интелектуалното ниво, да ја земе предвид и календарската возраст, т.е. времето кое на детето му било потребно да дојде до тоа интелектуално ниво. Но сепак, до крајот на животот останал во дилема како да ги комбинира тие две работи – нивото и календарската возраст. Како што е познато, таа негова дилема била подоцна разрешена така што е воведен умствениот количник, т.е. што менталнта возраст поделена со календарската и со тоа е добиен еден показател на брзината на освојување на одредени интелектуални нивоа од страна на детето. Како што може да се види, во основа на Бинеовото решение на проблемот за дијагноза на менталната заостанатост лежи извесно поистоветување на постарите ментално заостанати деца со нормални млади деца, бидејќи дијагнозата се дава така што се кажува до кое ниво на нормален развој дошло заостанатото дете. Секако дека Бине бил премногу добар психолог и мошне добро ги познавал особеностите на ментално заостанатите за да го прифати без резерва ваквото сведување на ментално заостанатото дете на младо нормално дете. Тој и до крајот на својот живот останал во дилема во врска со тој проблем. На основа на Бине-Симоновата скала објективно се открива ментално заостанатото дете на тој начин што се утврдува до кој степен на ментална возраст во нормалниот развој стигнало тоа дете. Меѓутоа, и самиот Бине и подоцнежните корисници на скалата биле свесни дека покрај таквите глобални дијагнози треба уште на некој начин да се одредат особеностите на ментално заостанатото дете. Најнапред, до Бинеовото одредување на границата на интелектуални нивоа на одделните категории на ментално заостанати лица има голема смисла и практично значење. Имено, покрај квантитативното одредување на глобално ниво, Бине дал исто така и квалитативна одредба со помош на психолошко-педагошки мерила. Според него, идиот е личност која не го владее говорот како средство за општење со луѓето, тој не употребува говор, не го разбира и се смета дека општото ниво на развој кое го постигнал е, приближно како на двегодишно дете. Имбецил е личност која го владее усниот говор и останатите достигнувања до ниво на седумгодишно дете, но не и писменото изразување до кое веќе достигнува дебилот. Границата помеѓу имбецил и следното ниво - дебил е училишна: додека имбецилот не умее да пишува, дебилот тоа го може. Потешко пак, вели и Бине, да се повлече граница помеѓу дебил и нормална личност. Тој ја повлекува таквата граница така што ги менува мерилата: додека досега ги користел психолошко-педагошките одлики, сега ја зема социјалната компетенција, способноста за самостојно снаоѓање во дадена друштвена ситуација. И затоа што друштвените ситуации меѓусебно доста се разликуваат, топа одредување на менталната заостанатост е релативно, т.е. некој може да биде нормален во една едноставна друштвена организација, а ментално заостанат во друга, посложена.