Институт на руската реалистична уметност
Институтот за руска реалистичка уметност (ИРРУ) е приватна институција која ги враќа јавните и социјалните традиции на руското уметничко покровителство. Овој ИРРУ музеј и изложбен центар е отворен на 1 декември 2011 година во една од старите згради на поранешната фабрика за печатење памук изградена во областа „Замоскворечие“ во Москва на крајот на 19 век. Уметничката колекција на ИРРУ е од многумина оценета како една од најдобрите колекции на руската школа за реалистично сликарство од 20 век. Има три ката изложбен простор со вкупна површина од над 4.500 квадратни метри во кои се изложени приближно 500 дела од руската и советската уметност.
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found |
Третиот спрат
уредиВо салите на третиот спрат е изложена една од најважните делови на музејската колекција, советската уметност од првата половина на 20 век, вклучувајќи дела од извонредни личности како што се Аркадиј Пластов, Сергеј Герасимов, Александар Деинека, Јуриј Пименов, Георги Ниски, Исак Бродски и други сликари.
Вториот спрат
уредиНа вториот кат на Институтот за руска реалистичка уметност е прикажана советската уметничка колекција од втората половина на 20 век. Во нејзиниот центар се изложени дела од најголемите сликари од 60-тите години на минатиот век, вклучително и „Национални уметници“ и полноправни членови на Руската академија на уметностите Гели Коржев, браќата Сергеј и Алексеј Ткачев, Виктор Иванов, Петр Осовски, Дмитриј Жилински и Таир Салакхов. Сликарите од оваа генерација ги продолжија традициите на руската уметничка култура и многу од нив, како Виктор Попков, ги посветија своите дела на драматичните настани во современиот живот на Русија, со сите нејзини проблеми и противречности.
Првиот спрат
уредиСалите на првиот кат нé запознаваат со денешниот живот во Русија, и вклучуваат дела од познати членови на московската школа за сликарство како што се Виктор Калинин, Алексеј Суховецки, Владимир Телин, Николај Заицев, Вјачеслав Стеколшчиков, Николај Соломин; делата на извонредните сликари од Ленинград: Андреј Милников, Јевсеи Мојсеенко, Борис Угаров, Вјачеслав Загонек; уметниците од Владимир, вклучувајќи ги Ким Бритов, Владимир Јукин и Михаил Изотов. Изложени се и дела на уметници од Кострома, Јарославл, Вологда, Вјатка, Сергиев Посад, Краснојарск, Нижни Новгород и од други руски градови.