Инела Ногиќ
Инела Ногиќ (родена 1976 г.) станала светски позната за време на опсадата на Сараево кога победила на натпреварот Мис опсадно Сараево во 1993 година,[1] кој се одржал во подрум во обид да се избегнел налетот на снајперски напади од српските милиции. Ногиќ и останатите натпреварувачи држеле транспарент на кој пишувало „Не дозволувајте да не убијат“. Натпреварот бил документиран од режисер аматер, а Бил Картер потоа го користел во неговиот документарен филм Мис Сараево. Документарецот бил емитуван на меѓународно ниво, предизвикувајќи реакција на гледачите што дополнително го зголемила меѓународниот притисок за прекин на опсадата. Снимката од документарецот била вградена во синглот „Мис Сараево“ на ирскиот бенд U2 заедно со Брајан Ино и италијанскиот оперски пејач Лучијано Павароти. Сликата на Ногиќ ја имало и на насловната страница на синглот, направена за време на натпреварот. Ногиќ тогаш имала 17 години.[2]
По завршувањето на војната, Ногиќ била поканета на концертот на U2 во Сараево, и лично придружувана од бендот.
Ногиќ од 2012 година живее во Холандија и е мајка на две деца.[3]
Поврзано
уреди- Ведран Смаиловиќ, познат како „виолончелистот на Сараево“
- Ромео и Јулија во Сараево
- Госпоѓица Сараево
Наводи
уреди- ↑ „Orlando Blum: Presudila stvarna priča“. Mondo. 11 August 2008. Посетено на 1 July 2011.
- ↑ Aj., N. (6 November 2011). „Miss opkoljenog Sarajeva Inela Nogić: Pričate opet o ratu, zar su vama rane zacijelile?“. Dnevi Avaz. Посетено на 7 April 2022.
- ↑ „Sarajevo, then and now, through the eyes of a pageant queen“. TheStar.com. 4 September 2012. Посетено на 22 November 2013.