Индекс на физички обем
Индексните броеви на физички обем или квантум ја прикажуваат промената во производството или прометот во различни временски периоди. Овој индекс заедно со другите индекси ни овозможуваат следење на движењето на некои комплексни целини како што се: вредноста на вкупниот промет, производство за земјоделство, цените на производите за исхрана итн. Индексните броеви можат да бидат поединечни и групни.
ИНДИВИДУАЛНИ ИНДЕКСНИ БРОЕВИ НА ФИЗИЧКИ ОБЕМ
Поединечниот индекс на физички обем ја следи промената во производството или прометот на еден производ или една појава. Се пресметува како количник меѓу оствареното производство или промет во тековниот период и оствареното производство или промет во базниот период, при што добиениот резултат се множи со 100. Поединечните индекси може да бидат верижни или базни во зависност од целта на испитувањето.
каде што: Iq = поединечен индекс на физички обем; q1 = производство или промет во тековниот период; qо = производство или промет во базниот период
. Да го објасниме претходно кажаното со еден пример:
Погонот за производството на некој безалкохолен пијалак, во април остварил производство од 500 литри, додека во мај е произведено 550 литри. Да се пресмета индексот на физички обем, ако за базен период е месец мај.
Iq = 550/500 * 100 = 110
Објаснување: Производството на безалкохолниот пијалакво мај е зголемена за 10 процентни бодови, во однос на произведените количини во април.
Овој начин на пресметка е погоден за утврдување на поединечните индекси на квантум кои се однесуваат само за одредени производи. Ваквиот приказ на движењето на производството не ни е доволен доказ за целосното набљудување на појавата.За таа цел се користи групниот индекс на физичкиот обем.
ГРУПНИ (АГРЕГАТНИ) ИНДЕКСИ НА ФИЗИЧКИ ОБЕМ
Групните индекси на физички обем овозможуваат следење на движењето (динамиката) на производството на повеќе производи заедно. Со нив се следи производството на цел асортиман на производи што ги произведува една компанија, производството на група производи, производството на една стопанска дејност, прометот на група производи итн. Кога производите се разновидни и се мерат во различна единечна мера, потребно е да се одреди пондер (множител), кој ќе овозможи собирање различни видови производи. Таков пондер е цената. Имено, кога станува збор за различни видови производи изразени во различни мерни единици не може едноставно само да се соберат, туку е потребно да се знаат нивните цени како пондери, кои ќе помогнат да се добие вредноста на секој вид производ (количеството помножено со цената ја дава вредноста Постојат два метода на пресметување на групниот индекс на физички обем, познати по името на авторот на методот: Ласперов и Пашеов индекс односно методи на агрегати.
ГРУПЕН ИНДЕКС НА ФИЗИЧКИ ОБЕМ СПОРЕД МЕТОДОТ НА ЛАСПЕР
Групниот индекс на физички обем според Ласпер се добива кога тековната количина ќе се помножи со базните цени и така добиениот производ ќе се подели со производот од базните количини и базните цени. Добиениот резултат се множи со 100. Изразено со симболи, Ласперовиот индекс на физички обем се пресметува со следнава формула:
Опис | Ласперов индекс |
---|---|
Извор | E.cvetkovska (разговор) |
Датум | 2013 |
Автор | E.cvetkovska (разговор) |
Дозвола (Пренамена на сликава) | Видете подолу. |
каде што: Iq = групен индекс на физички обем; q1 = производство или промет во тековниот период; q0 = производство или промет во базниот период; p0 = цена во базниот период. ПРИМЕР: Обемот на производството и цените на одделните безалкохолни пијалаци, во текот на две години во една компанија се дадени во следнава табела:
Опис | табела |
---|---|
Извор | E.cvetkovska (разговор) |
Датум | 2013 |
Автор | E.cvetkovska (разговор) |
Дозвола (Пренамена на сликава) | Видете подолу. |
Решение според методот на Ласпер:
(11 *3)+ (6*5)+ ( 5*10) Iq = * 100 =125,55 (10 *3)+(6*5)+(3*10)
Објаснување:
Тоа значи дека обемот на производство то во 2006 година во однос на 2005 се зголемил за 25,55 %
ГРУПЕН ИНДЕКС НА ЦЕНИ СПОРЕД МЕТОДОТ НА ПАШЕ
Во постапката за пресметување на индексот на цени, Паше како пондер го користи количеството од тековниот период. Групниот индекс на цени, според методот на Паше се добива кога тековните цени ќе се помножат со тековните количества и така добиениот производ ќе се подели со производот од базните цени и тековните количества. Добиениот резултат се множи со 100. Формулата за пресметка е следнава:
Опис | Групен индекс на цени |
---|---|
Извор | E.cvetkovska (разговор) |
Датум | 2013 |
Автор | E.cvetkovska (разговор) |
Дозвола (Пренамена на сликава) | Видете подолу. |
каде што: Ip = групен индекс на цени; p1 = цена во тековниот период; p0 = цена во базниот период; q1 = производство или промет во тековниот период.
Решение според методот на Паше:
(11 *4)+ (6*7)+ ( 5*15) Iq = * 100 =126,77 (10 *4)+(6*7)+(3*15)
Објаснување: Тоа значи дека обемот на производство то во 2006 година во однос на 2005 се зголемил за 26,77 %
Групниот индекс на квантум може да се пресмета и според методот на просечни односи.
Опис | пондери од базичен период |
---|---|
Извор | E.cvetkovska (разговор) |
Датум | 2013 |
Автор | E.cvetkovska (разговор) |
Дозвола (Пренамена на сликава) | Видете подолу. |
Пондери од базичниот период
Опис | пондери од тековен период |
---|---|
Извор | E.cvetkovska (разговор) |
Датум | 2013 |
Автор | E.cvetkovska (разговор) |
Дозвола (Пренамена на сликава) | Видете подолу. |
Пондери од тековниот период
За да ги избегнеме разликите на вредноста на индексите при користење на пондерот од базичниот период и тековниот период постојат две формули кои претставуваат трагање кон идеален индекс на физички обем. 1.Marschal-Edgvorth-овиот индекс на квантум 2.Фишеров индекс на квантум
Наводи
уреди[1] Ристески Славе, Тевдовски Драган (2010): „Статистика за бизнис и економија“, четврто издание, Скопје: Економски факултет – Скопје. ISBN 978-608-212-009-6 [2] Статистика за III година: економско-правна и трговска струка: економски техничар/ Сузана Станковска, Евица Делова-Јолевска.- Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010 ISBN 978-608-226-037-2
- ↑ "=== Наводи ===Ристески Славе, Тевдовски Драган (2010): „Статистика за бизнис и економија“, четврто издание, Скопје: Економски факултет – Скопје. ISBN 978-608-212-009-6
- ↑ "=== Наводи ===Статистика за III година: економско-правна и трговска струка: економски техничар/ Сузана Станковска, Евица Делова-Јолевска.- Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010 ISBN 978-608-226-037-2