Инает
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Инает, инаетлук, инаетење и други варијанти, е однесување на поединец или група коешто е штетно за поединци или групи но и понатаму се извршува да би се некому нешто докажало или покажало, иако тоа не мора да биде обврзно. Суштината на инаетот е ирационалност и упорност, иако многумина го нагласуваат отсуството на интелигенција.
Инает треба да се разликува од пркос што не е секогаш опишан како ирационално-безумствено (значење за зборот ирационално е во Македонскиот речник како безумствено) и бесмислено однесување. Пркос е противење на помалиот, обесправениот, беспомошниот кон поголемиот, помоќниот, бескрупулозниот. Последиците можат да бидат исти, штетни по извршителот, но кај инаетот се смета дека не постоела никакава потреба ниту морално оправдување за такво однесување. Инает исто така треба да се разликува од вулгарниот израз „курчење“ што може да се опишува како „закана со празен пиштол“.
Инает е, на пример, кога мало дете од инает со родителите не сака да јаде затоа што не му купиле играчка. Последиците се да биде гладно, што не е пријатно, а веројатно и му следи казна. Пословицата вели „инает е лош занает“.
Инает, честа активност во поранешните југословенски држави, тешко се преведува на други јазици како еден збор.