Илјада цветови (поезија)

„Илјада цветови“ — збирка со избор од поезијата за деца на македонскиот писател Видое Подгорец.

Илјада цветови
АвторВидое Подгорец
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрдрама
ИздавачНаша книга
Издадена
1969
Медиумпечатено издание

Содржина

уреди

Збирката содржи избор од 7 стихозбирки за деца од дотогашната поезија на писателот, и претставува шеста книга од неговите собрани дела. [1]

Во неа се застапени избор од дотогашните стихозбирки, и тоа според содржината ставени се:

  • Што е тоа татковина
  • Илјада цветови на една гранка
  • Нови песни
  • Горско кладенче
  • Облак над езерото
  • Прела баба
  • Сказна за штурецот

Изданија

уреди

Првото издание Илјада цветови било на НИК Наша книга во 1969 година. [2]

Осврт кон делото

уреди

За поезијата на Подгорец може да се каже дека е исклучително лирична или како што Миодраг Друговац има кажано за авторот, „ткае со срмен збор со лирска топлина, непосредност и впечатливост“. Во збирката пее за татковината, природата, децата, животните, растенијата...„Неговото творештво не е само обемно туку и тематски и мотивски разновидно. Тој е еден од оние автори кој на едноставен и интересен начин го приближуваат своето доживување на пример на летниот или зимскиот пејзаж, детската игра, волшепството на сонот, магијата на денот и ноќта, поврзаноста на човекот со природата, итн. “ [3]


Наводи

уреди
  1. Видое Подгорец, Илјада цветови. Скопје: НИК Наша книга, 1969,, книга 6
  2. Видое Подгорец, Илјада цветови. Скопје: НИК Наша книга, 1969,, книга 6
  3. И сончогледите спијат, Видое Подгорец, Скопје, Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга , 1987, стр.99-103 Разговор за делото од Миодраг Друговац