Илија Неделков - Ограјски
Илија Неделков Ограјски е познат кавадаречки писател, хуморист и сатиричар (јули 1945 - 15 мај 2021). Роден е во Кавадарци во 1945 година во сиромашно повеќечлено семејство. По завршување на основното училиште и гимназијата во Кавадарци се запиша на Филозофскиот факултет во Скопје група Југословенска книжевност и истиот со успех го заврши. Се вработува како професот по македонски јазик и книжевност, меѓутоа најголемиот дел од неговиот работен век го помина најнапред како инспектор а потоа како советник во Бирото за образовани во Кавадарци, а еден период беше и негов директор. Меѓутоа она по што најмногу го паметат кавадарчани е неговиот ведар дух и смислата за хумор. Неделков има напишано и објавено неколку книги со поезија и проза како и книга со анегдоти за познатите кавадаречки шегаџии. („Чаршијари", ...) Го биваше и за пеење и има снимено за Радио Кавадарци неколку популарни македонски народни песни. Кавадарчани го паметат Неделков и како популарниот “Тоде боде“, каде што на шеговит начин исмејуваше некои асоцијални појави во кавадаречката чаршија. Редовно учествуваше и на популарната предновогодишна и коледарска забава наречена “Дедо цепе бурина“ на градскиот плоштад. Во Музеј-галеријата на традиционалната изложба “Светска галерија на карикатури“ го повикуваа Ограјски на нејзините отворања, каде што на нему својствен начин знаеше да ја расположи и развесели публиката. Во 1998 година тој направи радио емисија со дедо Петре Американецот на тема за печалбарството, а беше и промотор на мојата книга “Дреново низ вековите“. Кавадарчани Илија Неделков Ограјски ќе го паметат по убаво, како ведар, насмеан и духовит човек полн со животна енергија. Нека му е вечна славата и поменот за него.
[мртва врска] Неделков[мртва врска]
https://www.facebook.com/photo?fbid=1143004376167529&set=a.132784123856231