Илија Дојчиноски
Илија Крстанов Дојчиноски (1909 во Горно Средоречие, Охридско — 6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ
Животопис
уредиИлија Крстанов Дојчиноски е роден во селото Горно Средоречие. Се занимавал со земјоделство. Во НОБ доброволно пристапил на 7 август 1943 година. Како борец на партизанскиот одред Славеј, загинал во борба против балистите на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец.[1]