Меѓународното здружение за свопови и деривати или ИСДА (англиски: International Swaps and Derivatives Association, ISDA) — меѓународно здружение на учесниците во приватните трансакции со финансиски деривати.

Лого

Основање и членство

уреди

Здружението е основано во 1985 година, откако група од 18 дилери на свопови во 1984 година почнале да работат на подготовката на стандардни услови за тргување со свопови. Денес, ИСДА има над 600 членови од 46 земји, а најчесто, тоа се: големите финансиски институции кои тргуваат со финансиски деривати, крајните корисници на дериватите, како и разни даватели на услуги и консултанти.[1]

Активности

уреди

Двете основни цели на ИСДА се: 1) изработка на соодветна документација за извршување на приватните трансакции со деривати и 2) унапредување на постапките за раководење со ризиците поврзани со финансиските деривати. Еден од најважните чекори на ИСДА е изработката на стандардниот договор (Master Agreement) со кој се поставуваат правните и кредитните услови за тргување на приватниот пазар на деривати. Најголемата придобивка од овој договор се состои во тоа што учесниците на пазарот не мора за секоја поединечна трансакција да склучуваат посебен договор. На тој начин, овој договор придонесол за стандардизација на шалтерскиот пазар на финансиски деривати.[2]

Надворешни врски

уреди
  • htttp://www.isda.org — Официјално мрежно место на ИСДА

Наводи

уреди
  1. Jeff Madura, International Financial Management (ninth edition). Thomson South-Western, 2008, стр. 520.
  2. Jeff Madura, International Financial Management (ninth edition). Thomson South-Western, 2008, стр. 520.