Зони во Непал
Непал е поделен на 14 административни зони (непалски: अञ्चल, „анчал“), и 75 окрузи (जिल्ला, „џила“). Зоните се групирани во пет развојни региони (विकास क्षेत्र). На чело на секој округ стои извршен управник кој е одговорен за јавниот ред и мир, како и за усогласување на дејностите на разните владини служби.