Знаме на Северна Ирска

Знаме на Северна Ирска — обележје на Северна Ирска кое нема службен статус со распуштањето на самоуправното законодавство, кое го отповикало во 1972 и укинало во 1973 г.[1] Дотогаш како национално знаме се користел Алстерскиот бајрак, а денес во службени пригоди, британската влада го корирсти сојузното знаме (знамето на Велика Британија и Северна Ирска), а истото е единственото службено знаме на владата на Северна Ирска.[2] Британската влада сепак понекогаш го истакнува Крстот на Свети Патрик заедно со другите земји од Обединетото Кралство во неслужбено својство.

Крстот на Свети Патрик
Сојузното знаме на Обединетото Кралство, на кое Северна Ирска е претставена со Крстот на Свети Патрик (во потенка варијанта).
решение кое се користело во минатото, но денес е напуштено.Алстерскиот бајрак — знаме на Владата на Северна Ирска од 1953 до 1972 г.

Унионистите и натаму го користат Алстерскиот бајрак, и истото важи за спортски клубови и местата со кои владеат на месно ниво.[3]

Крстот на Свети Патрик и Алстерскиот бајрак сепак не смеат да се веат на управни згради во Северна Ирска.[4]

Крст на Свети Патрик

уреди

Крстот на Свети Патрик е црвен Андреин крст на бело поле кој се користи од 1783 г. во значката на Ордент на Свети Патрик. Со припојувањето на Ирска кон Британија во 1800 г., крстот е придодаден кон знамето на Велика Британија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Согласно Уставот на Северна Ирска од 1973 г.
  2. Сојузното знаме и знамињата на Обединетото Кралство Архивирано на 23 април 2010 г. — Парламент на Обединетото Кралство (англиски)
  3. uefa.com – Football Europe
  4. „The Union Flag and Flags of the United Kingdom“ (PDF). Parliament and Constitution Centre. 3 June 2008. стр. 9–10.

Надворешни врски

уреди