Знаме на Разловечкото востание

Знаме на Разловечкото востание — знаме кое било изработено за Разловечкото востание.

Знамето на Разловечкото востание

Димитар Беровски, главниот иницијатор и организатор на востанието, им порачал на двете учителки од Солун, Недела Петкова и Станислава Караиванова, кои биле мајка и ќерка, да изработат знаме за идното востание. Знамето било со димензии 186 х 165 сантиметри, било изработено на жолта подлога со разјарен црвен лав, и на него пишувало: Македонија (МАКЕДОНIЯ). Подоцна, по избувнувањето на востанието, во Разловци, на знамето било дополнително извезено Станете да ви освобода.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Разловечко востание“. Македонска нација. 18 мај 2011. Посетено на 4 април 2021.