Знаме на Гамбија
Знамето на Гамбија е националното знаме на државата кое било дизајнирано од Па Луис Томаси[1]. Знамето се состои од пет нееднакви ленти во црвена, бела, сина, бела и зелена боја, каде белите се најмали, а зелената и црвената најголеми. Црвената боја го симболизира сонцето, но и саваната. Сината боја ја симболизира реката Гамбија, зелената ги симболизира земјата и шумите и белата боја го симболизира мирот. Знамето било усвоено на 18 февруари 1965 година.
Наводи
уреди- ↑ „President Jammeh appoints new cabinet“. The Gambia Statehouse News. 23 октомври 2006. Посетено на 2008-05-26.