Зика (вирус)

вид вирус
(Пренасочено од Зика-вирус)
Зика вирус
Класификација
Група: Група IV ((+)енРНК)
Семејство: Flaviviridae
Род: Flavivirus
Вид: Zika virus

Зика — член на вирусното семејство Flaviviridae и родот Flavivirus, кој го пренесуваат комарците од родот Aedes, кои се активни дење, како што се A. aegypti и A. albopictus. Името му доаѓа од шумата Зика во Уганда, каде што вирусот за првпат бил изолиран во 1947.[1]

Инфекцијата, позната како зика треска, често не предизвикува симптоми или само лесни симптоми, слични на блага форма на денга треска.[2]

Наводи

уреди
  1. „ATCC Product Sheet Zika virus (ATCC® VR84TM) Original Source: Blood from experimental forest sentinel rhesus monkey, Uganda, 1947“. Архивирано од изворникот на 2016-02-03. Посетено на 4 February 2016.
  2. „Zika virus infection“. ecdc.europa.eu. European Centre for Disease Protection and Control. Архивирано од изворникот на 2017-06-22. Посетено на 18 January 2016.