Зелен бран
Зелен бран е кога се координирани повеќе семафори (обично три или повеќе) за да се овозможи континуиран проток на сообраќајот на неколку раскрсници во една главна насока.
Секое возило во зелениот бран (со приближна брзина утврдена од страна на сообраќајните инженери) ќе влезе во растечка каскада од зелени светла и ќе нема потреба да застанува на раскрсници. Ова овозможува поголемо оптоварување на сообраќајот и ги намалува бучавата и потрошувачката на енергија (зашто помалку се забрзува и помалку се кочи). Во пракса, само една група автомобили (чија големина ќе ја одреди времетраењето на сигналот (en)) може да го искористи зелениот бран пред тој да биде прекинат за да им се даде пат на други сообраќајни текови.